Власи: Ако Србите мислат да отцепат дел од Косово, ќе наидат на отпор

косовските специјални полициски сили

Советникот во косовската Влада за надворешни работи Азем Власи смета дека ако Србија мисли со сила да отцепи дел од Косово тогаш ќе наиде на отпор. Според него, секоја држава има легитимно право да ја брани својата територија. Власи вели дека Кфор и Еулекс, но и институциите во Косово имаат уставна обврска и одговорност да ја штитат територијата на Косово.
Тој тврди дека Србија ги засилува тензиите на северoт во Косово за да се отвори расправа за негова поделба и тоа е провокација од Србија.