Помошта во храна за Косово се уште не е испорачана

празна продавница на северот од Косово

Помошта во храна од Владата на Србија за северот од Косово, се уште не е испорачана, соопштуваат српските власти. Од министерството за Косово и Метохија кое е задолежено за надгледување на доставата, велат дека камионите сс храна уште не тргнале до својата дестинација. Треба да се испорачаат 75 тони намирници од стоковите резерви на Србија.
Како што наведуваат српските власти на тој чекор се одлучиле по блокадата на премините Брњак и Јариње, поради што дошло до прекин на снабдувањето со основни намирници.