Неизвесен состанокот на командантот на КФОР со српските преставници

Стефановиќ и Билер

Состанокот на командантот на КФОР Ерхард Билер и преставниците на Владата на Србија зависи од проценка на ситуацијата, случувањата на северот од Косово и разговорите кои се водат во Приштина со посредникот на ЕУ Роберт Купер, изјави портпаротол на КФОР Дитер Вихтер. Тој вели дека средбата на Билер со Горан Богдановиќ и Борислав Стефановиќ ќе зависи од проценка на ситуацијата. КФОР минатата недела воспостави контрола на премините Јариње и Брњак помеѓу Косово и Србија после инцидентите кои уследија по одлуката на Владата на Косово да ја презеде контролата на пунктовите.