Советот за безбедност на ОН вечерва ќе одржи состанок за Сирија, зад затворени врати. Состанокот ќе започне во 21 часот по средноевропско време. Италија и Германија претходно побараа итна седница на Советот за Сирија. А потоа такво барање упати и Комесарот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон. Изминатиот викенд во Сирија загинаа 140 луѓе во обидите сириските власти да ги задушат анти-владините протести.