Комесарот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон побара Советот за безбедност на ОН што поскоро да стави крај на насилствата во Сирија. Време е Советот да завземе јасен став за Сирија.
За време на викендот во насилствата во земјата загинале 140 луѓе, во акцијата на безбедносните сили за задушување на демонстрациите. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека е „ужасно“ тоа што се случува во Сирија. И Италија и Германија бараат итен состанок на Советот за безбедност. А британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг повика на поголем притисок на меѓународната заедница за Сирија. Турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу го осуди насилството, кое се совпадна со почетокот на светиот муслимански месец Рамазан.