Јохан Тарчуловски е во затвор во Германија, а на денеска објавеното негово писмо пишува дека е испратено од Хаг. Државната новинска агенција МИА денеска објави писмо од хашкиот осуденик Јохан Тарчуловски во кое тој дава свое видување за хашките случаи.
„Премиере Груевски, покажи доблест да се затвори ова последно поглавје од 2001 година. Разговарајте за тие Хашки случаи, проверете ги законите, и ако има можност решете го тоа прашање еднаш засекогаш, запрете ги и оставете ги во историјата“, пишува Тарчуловски.
Во факсимилот од писмото, објавен на МИА, стои „Јохан Тарчуловски, син на Македонија, затвор Хаг“.
Сепак, токму МИА, на 7 јули годинава објави дека Тарчуловски, од затворот во Хаг е префрлен во германскиот затвор Диез.
„Сопругата на Јохан, Соња Тарчуловска за МИА потврди дека тој утрово е префрлен во затворот во Германија“, објави државната новинска агенција на 7 јули годинава.
МИА, објавувајќи го писмото, наведува дека до нив го доставило Здружението за поддршка на Јохан Тарчуловски.
„Писмото, како што информира Здружението, ќе биде доставено и до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски“, наведува МИА, но не дава други детали – кога е испратено и од каде.
Собранието вечерва со 63 гласа „за“ и 29 „против“ во рамки на продолжението на 4. седница го усвои автентичното толкување на член 1 од Законот за амнестија. Опозицијата жестоко се противеше на донесувањето на законот.
Премиере Груевски, покажи доблест да се затвори ова последно поглавје од 2001 година. Разговарајте за тие Хашки случаи, проверете ги законите, и ако има можност решете го тоа прашање еднаш засекогаш, запрете ги и оставете ги во историјата.Јохан Тарчуловски.
„Премиере Груевски, покажи доблест да се затвори ова последно поглавје од 2001 година. Разговарајте за тие Хашки случаи, проверете ги законите, и ако има можност решете го тоа прашање еднаш засекогаш, запрете ги и оставете ги во историјата“, пишува Тарчуловски.
Во факсимилот од писмото, објавен на МИА, стои „Јохан Тарчуловски, син на Македонија, затвор Хаг“.
Сепак, токму МИА, на 7 јули годинава објави дека Тарчуловски, од затворот во Хаг е префрлен во германскиот затвор Диез.
„Сопругата на Јохан, Соња Тарчуловска за МИА потврди дека тој утрово е