Македонија треба да ја искористи кинеската заинтересиранот за инвестирање на европскиот пазар, смета министерот за економија Фатмир Бесими.
Инвестициите треба да бидат приоритет во зајакнувањето на економско-трговската соработка меѓу Македонија и Кина, истакнаа министерот за економија, Фатмир Бесими и кинескиот министер за трговија, Гао Хученг по нивната средба во Скопје. Хученг вели дека кинската влада нема ништо против компаниите од нивната земја да го прошират својот бизнис во Македонија.
„Кинеската влада ги поддржува добро развиените претпријатија од земјата да учествуваат во развојот на инфраструктурата во Македонија, вклучувајќи ја железничката реконструкција и обнова, како и проектите од областа на енергетиката.“
Бесими вели дека ќе биде ревидиран договорот за слободна трговија со Кина и олеснување на царинските процедури. Има заинтересираност за вклучување во пректот Вардарска долина, но најпрвин треба да се направи обновување на физибилити студијата врз која ќе се констатира начинот на кредитирање на проектот согласно искуствата и технологијата на една кинеска компанија, вели тој.
„Најголемата светска компанија во оваа област за хидроцентрали е на светско ниво што би придонело и за овој проект во иднина да може да се реализира во Македонија, еден значен енергетски проект.“
Бесими додава дека има шанси и реализирање на инвестиции во патната и железничката инфраструктура на Македонија.
„Во оваа глобална политика на Кина за придвижување на бизнисот на европскиот пазар со посебен акцент на Југоисточна Европа поради некои предности во областа на инвестициите, сметаме дека Македонија може да го искористи овој тајминг, оваа прилика да биде во овој тек на движење на кинески инвестиции.“
Економистот Висар Адеми вели дека Кина станува влијателен играч во глобални рамки. Македонските компании можат да ги наметнат своите производи на тој пазар и со тоа би се зголемил извозот на земјата.
„Сепак, Кина се уште е на самиот почеток и мислам дека преку иновации, македонските компании можат да помогнат многу за да производство на тој готов производ за кој што Кина претпочитам дека сака да стане глобален играч.“
Според Министерството за економија, годишната трговската соработка меѓу Македонија и Кина изнесува 400 милиони долари.

Кинеската влада ги поддржува добро развиените претпријатија од земјата да учествуваат во развојот на инфраструктурата во Македонија, вклучувајќи ја железничката реконструкција и обнова, како и проектите од областа на енергетиката.