Како ќе се финансира пензискиот систем во иднина? Потребно ли е ново зголемување на старосната граница?
На секои 16 вработени во Македонија има десет пензионери, но тој сооднос има тенденција на намалување, предупредуваат експертите. Сегашните македонски пензионери имаат просечно 58 години, но европската тенденција за зголемување на старосната граница за одење во пензија го отвара прашањето за можните импликации од ваквиот тренд и во земјава. Поранешната директорка на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, МАПАС, Зорица Апостолска, вели дека таквата мерка треба да биде поткрепена со темелна и долгорочна анализа.
„При разгледување на тоа прашање да се направи проекција какво ќе биде стареењето на населението и продолжување на старосниот век, со тоа да се зголемува и старосната граница значи едно со друго да се следат.“
Светскиот тренд за зголемување на старосните граници за пензија не е применлив за Македонија, реагира правниот застапник Драге Јовановски. Во земја која има голем број на невработени, меѓу кои многу млади, нема логика да се зголемуваат старосните граници за пензионирање.
„Воопшто не смее да дојде до тоа. Тоа ако сакате да го дотепате народот, кај нас официјално се 350 илјади.“
Експертите во оваа област велат дека стабилноста и иднината на државниот пензиски фонд не е нарушена од приватните столбови на финансирање, но предупредуваат дека неговата иднина ја доведува во прашање намалувањето на придонесите за пензиско и здравствено осигурување.
„Ние до сега не осетивме доцнење кај исплатата на пензиите, но во Фондот тој недостиг се дополнува од буџетот“, вели Апостолоска.
Јовановски предвидува добра иднина на државниот пензиски фонд, укажувајќи дека е потребно подолго време за да покаже резултати работењето на приватните фондови.
„Таа варијанта ќе профункционира 2030 година, треба 30 години да поминат да ги земат првите пензии.“
Инаку, Македонија има најниска стапка на пензиско осигурување во регионот. Во просек, кај нас пензијата се користи 17 и пол години.
Воопшто не смее да дојде до тоа. Тоа ако сакате да го дотепате народот, кај нас официјално се 350 илјади.
„При разгледување на тоа прашање да се направи проекција какво ќе биде стареењето на населението и продолжување на старосниот век, со тоа да се зголемува и старосната граница значи едно со друго да се следат.“
Светскиот тренд за зголемување на старосните граници за пензија не е применлив за Македонија, реагира правниот застапник Драге Јовановски. Во земја која има голем број на невработени, меѓу кои многу млади, нема логика да се зголемуваат старосните граници за пензионирање.
„Воопшто не смее да дојде до тоа. Тоа ако сакате да го дотепате народот, кај нас официјално се 350 илјади.“
Експертите во оваа област велат дека стабилноста и иднината на државниот пензиски фонд не е нарушена од приватните столбови на финансирање, но предупредуваат дека неговата иднина ја доведува во прашање намалувањето на придонесите за пензиско и здравствено осигурување.
„Ние до сега не осетивме доцнење кај исплатата на пензиите, но во Фондот тој недостиг се дополнува од буџетот“, вели Апостолоска.
Ние до сега не осетивме доцнење кај исплатата на пензиите, но во Фондот тој недостиг се дополнува од буџетот.