Битолскиот совет без претседател

Битолскиот општински совет

Актуелниот претседател на Советот на општина Битола, Лилјана Кузмановска, заминува во Парламентот, по што Советот останува без претседател.
По втор пат општинскиот совет во Битола останува без претседател од политички причини. Прво, Зоран Коњановски ја напушти функцијата и
Тоа е проблем конкретно на ВМРО-ДПМНЕ или локалната власт во Битола. Ако сакаше да ги постави извештаите на јавните претпријатија тоа можеше да се направи пред
изборите.
замина за министер за локална самоуправа, па за одбрана, а сега и неговата следбеничка Лилјана Кузмановска, досегашна претседателка на Советот,
заминува за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот. Советниците од опозицијата реагираат дека заради изборите заостанала работата во Советот, па не биле донесени значајни точки од областа на обрзаовението, јавните претпријатија, урбанизамот.

„Мислам дека фокусот беше ставен на предвремените парламентарни избори и мислам дека тоа е единствената причина што доцнат работите“, вели советникот Томе Наумов од СДСМ.

Широк Сокак во центарот на Битола.

„Тоа е проблем конкретно на ВМРО-ДПМНЕ или локалната власт во Битола. Ако сакаше да ги постави извештаите на јавните претпријатија тоа можеше да се направи пред изборите. Ако беа согласни за тоа кој ќе им биде нов претседател можеа да го изберат на седницата веднаш по парламентарните избори. Најверојатно политички договор немаше и се чекаше, па сега дојдовме во една ситуација кога треба да поминат одредени рокови за да се свика седница на Совет“, реагира Валентин Груевски од ЛДП.
Дел од она што значеше програма не е завршено во рокот во кој требаше. Некои работи малку се заостанати заради изборите. Но, за скоро ќе имаме две-три седници каде сите заостанати точки ќе бидат поминати.

И од локалната власт признаваат дека заради изборите има заостанување во работата на Советот, но убедуваат дека за скоро време се ќе биде надминато.

„Дел од она што значеше програма не е завршено во рокот во кој требаше. Некои работи малку се заостанати заради изборите. Но, за скоро ќе имаме две-три седници каде сите заостанати точки ќе бидат поминати. Многу извештаи на јавни претпријатија, на основните и средните училишта и некои комунални проблеми, од областа на урбанизамот, детални урбанистички планови, улици, патишта итн.“, вели Златко Милошевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Во игра се неколку советници од партија на власт да седнат на претседателското столче во битолскиот Совет. Но, најчесто споменувано е името на Силвана Ангелевска, професор на Техничкиот фракултет во Битола.