Работниците не забораваат на предизборното ветување на владата за утврдување на минимална плата. Од ССМ најавуваат штрајк доколку не се реализира ветеното.
Сојузот на Синдикати на Македонија најави дека ќе го употреби штрајкот како крајна мерка доколку Владата не го исполни ветувањато за утврдување на минимална плата. Станува збор за сума од девет илјади денари, за кои работниците велат дека е смешна, оти со тие пари не можат
ни сметки да платат, а не пак да им остане за други работи.
„Треба да има повеќе, најмалку 500 евра треба да има плата.“
„Најмалку 300 евра, плус 200 евра за сметки само.“
„Таа минимална плата треба да биде над 250, 300 евра зошто сега не секој втори, секој трети гладува.“
Претседателот на ССМ, Живко Митревски, во интервјуто за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела, изјави дека е оптимист и очекува Владата да си го исполни ветувањето, но доколку тоа не се случи тие ќе преземат мерки.
„Во агендата на синдикалното дејствување ако не се успее со преговори, понатаму се оди со одредени протести, со одредени предупредувања, вклучително и основното средство што е крајно, штрајкот, за кое се надевам дека нема да дојде.“
Пред изборите политичките партии ветуваа дека штом ќе формираат
Влада, ќе го исполнат ова барање на работниците. Но, ова не е прво вакво ветување, претходните влади во последниве речиси 20 години, дури и направија неколку обиди за решавање на ова прашање, но при самиот финиш по некоја случајност процесот завршуваше неуспешно. Државниот советник во министертвото за труд и социјална политика Стојан Трајанов вели дека пред една недела е формирана работна група.
„Треба да се сретнат со социјалните партнери, прво ќе побараме презентација на сегашните состојби со нивото на платите во одредени сектори и области за врз основа на тоа да се оцени кои се можностите на определувањето на висината на најниската плата по одделни сектори.“
Од друга страна, Организацијата на работодавачи, уште пред да почнат преговорите, зацртаа црвени лини, бараат минималната плата да не биде повисока од седум илјади денари. Заменик претседателот на организација на работодавачи, Ангел Димитров, вели дека не треба да се лицитира со суми, затоа што постои опасност да се зголеми невработеноста.
„Ништо не би направиле ако утврдиме некоја паушално висока основица на минимална плата, а за сметка на тоа добиеме во стопанството отпуштање на работници, значи зголемување на невработеноста, или добиеме една
„урамниловка“, каде да речеме во трудо-интензивните дејности 90% од вработените би земале иста плата, со тоа ќе се наруши мотивацијата кај работниците и на еден начин само ќе добиеме негативни поени.“
Според официјалните податоци за минатата година, речиси 10 проценти од работниците имаат плата од 3 до 8 илјади денари, додека во категоријата од 8 до 16 влегуваат половина од вработените. Текстилните работици земаат 5.500 денари плата, работниците во кожарската индустрија, не се ништо подобри - нивната најниска плата изнесува 5.200 денари.
Во земјите од регионот овој проблем е веќе решен, па во Србија минималната плата изнесува 155 евра, во Романија од 160 до 170 евра, додека во Хрватска е усвоен модел со кој на секои четири години доаѓа до усогласување на износот на минималната плата. Додека во Македонија се зборува за решавање на проблемот со минималната плата, во хрватското собрание ќе се разгледува предлог закон со кој неисплаќањето на плати ќе се третира како криминал, проблем со кој се соочуваат и работниците во земјава.
Треба да има повеќе, најмалку 500 евра треба да
има плата.
„Треба да има повеќе, најмалку 500 евра треба да има плата.“
„Најмалку 300 евра, плус 200 евра за сметки само.“
„Таа минимална плата треба да биде над 250, 300 евра зошто сега не секој втори, секој трети гладува.“
Претседателот на ССМ, Живко Митревски, во интервјуто за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела, изјави дека е оптимист и очекува Владата да си го исполни ветувањето, но доколку тоа не се случи тие ќе преземат мерки.
„Во агендата на синдикалното дејствување ако не се успее со преговори, понатаму се оди со одредени протести, со одредени предупредувања, вклучително и основното средство што е крајно, штрајкот, за кое се надевам дека нема да дојде.“
Во агендата на синдикалното дејствување ако не се успее со преговори, понатаму се оди со одредени протеси, со одредени предупредувања, вклучително и основното средство што е крајно, штрајкот, за кое се надевам дека нема да дојде.
Пред изборите политичките партии ветуваа дека штом ќе формираат
Влада, ќе го исполнат ова барање на работниците. Но, ова не е прво вакво ветување, претходните влади во последниве речиси 20 години, дури и направија неколку обиди за решавање на ова прашање, но при самиот финиш по некоја случајност процесот завршуваше неуспешно. Државниот советник во министертвото за труд и социјална политика Стојан Трајанов вели дека пред една недела е формирана работна група.
„Треба да се сретнат со социјалните партнери, прво ќе побараме презентација на сегашните состојби со нивото на платите во одредени сектори и области за врз основа на тоа да се оцени кои се можностите на определувањето на висината на најниската плата по одделни сектори.“
Од друга страна, Организацијата на работодавачи, уште пред да почнат преговорите, зацртаа црвени лини, бараат минималната плата да не биде повисока од седум илјади денари. Заменик претседателот на организација на работодавачи, Ангел Димитров, вели дека не треба да се лицитира со суми, затоа што постои опасност да се зголеми невработеноста.
„Ништо не би направиле ако утврдиме некоја паушално висока основица на минимална плата, а за сметка на тоа добиеме во стопанството отпуштање на работници, значи зголемување на невработеноста, или добиеме една
Ништо не би направиле ако утврдиме некоја паушално висока основица на минимална плата, а за сметка на тоа добиеме во стопанството отпуштање на работници, значи зголемување на невработеноста.