Кај тројца битолчани во последните два месеца била дијагностицирана лајмска болест пренесена со каснување од крлеж, соопштуваат од Битолската болница.
Кај пациентите болеста предизвикала кожни црвенила, па им била препишана лекарска терапија. Лекарите велат дека овие инсекти можно е да ја содржат бактеријата борелиија бургдорфери, која ја предизвикува болеста. Поради ова добро е сите пациенти кои имаат убод на крлеж да се јават во болница.
„Болеста не се манифестира веднаш по каснувањето, туку ако е присутна бактеријата во крлежот има инкубација по две-три недели кога се појавува црвенило по кожата околу каснатицата. Тоа по дефиција претставува тешко заболување кое доколку не се лечи може да заврши со тешка инфекција на централниот нервен систем“, вели доктор Данчо Балаловски, началник на Инфективното одделение.
При убод од крлеж, лекарите препорачуваат лицата да не го вадат на своја рака, премачкувајќи го со масло, газија, пепел од цигари, туку да се отсрани на хируршкото одделение за да се избегне ризикот главата од инсектот да остане впена во кожата.
„Оваа сезона имавме зачестено јавување, преку 20 пациенти кои биле каснати од крлеж, имавме три случаи со развиена прва фаза на лајмска болест. Годинава повеќе имаме случаи кои се јавуваат поради убод од крлеж. Тоа укажува на две работи дека ги има повеќе во природата и дека е потребна здравствена едукација кај наслението да сфати дека убодот од крлеж не е безопасен туку може да предизвика сериозни манифесатции“, вели Балаловски.
И минатото лето, битолчани се соочија со истиот проблем. Неделно имаше по десетина убоди од крлежи, а двајца пацинети заболеја од лајмска болест. Наездата на овие инсекти е последица на поволните климатски услови за нивен развој- топлото и влажно време.

Болеста не се манифестира веднаш по каснувањето, туку ако е присутна бактеријата во крлежот има инкубација по две-три недели кога се појавува црвенило по кожата околу каснатицата. Тоа по дефиција претставува тешко заболување кое доколку не се лечи може да заврши со тешка инфекција на централниот нервен систем.