„Фантазии за кларинет“ е насловен албумот на ДУО ПАН, кое го сочинуваат кларинетистот Петар Колевски и пијанистката Билјана Петровска.
Со идеја за позасилена концертна активност и што почести средби со љубителите на музиката , пијанистката Билјана Петровска и кларинетистот Петар Колевски, во 2005 година го формираа ДУО ПАН. Од тогаш па се до денес овие врни македонски инструменталисти често имаа можност да настапуваат на концертните подиуми во земјава и во странство, за да конечно го потпишат и својот деби проект – албумот насловен како Фантазии за кларинет. Се работи за остварување на кое се поместени нивни изведби на дела од Паганини, Мејстер, Верди и Гершвин.
„Ние овој албум што го снимивме, го свиревме претходно во ноември месец минатата година 2010 година, на Есенските музички свечености. Ова е пред се светски позната кларинетска литература која што е претежно составена од транскрипти“, вели Петар Колевски.
Продуцент на материјалот е Будимка Имери, а за изведбите на ДУО ПАН со одбрани зборови говорат и авторитетите како Петко Радев, професор на Софиската музичка академија и Анте Гргач од Музичката академија во Белград. Од друга страна, она што особено ги радува музичарите, пак, е одличниот прием на изданието и нивните перформанси од страна на публиката и особено кај нивнитеколеги, за што Билјана Петровска забележува:
„Ние избравме композиции ко ишто се од класичен жанр, но се со модерен звук така што публиката е секогаш воодушевена и самите композиции се многу виртуозни. Цел овој носач на звук е направен за да остане нешто квалитетно зад нас, како Дуо Пан.“
Инаку, Петровска како припадник на младата генерација на македонски музички уметници кои го одбележуваат почетокот на 21 век, зад себе има убава солистичка кариера во која за одбележување е нејзиниот пијанистички рецитал во Париз, тука се и настапите со Горан Начевски и Весна Гиновска, а добитник е на наградата за исклучителни резултати како камерен музичар.
Колевски, пак, е бележан како инструменталист кој со својата изведба придонесува за развојот и подемот на кларинетот во Македонија. Професионална кариера ја почнал во Ревискиот оркестар на МРТВ, солистички настапувал со Македонската филхармонија и оркестарот на ФМУ и се смета за еден од водечките педагози во својата област.
Обајцата како ДУО ПАН наскоро влегуваат во студио за да го снимат материјалот за својот нов носач на звук, а се подготвуваат и за нова серија на концертни настапи.

Ние избравме композиции коишто се од класичен жанр, но се со модерен звук така што публиката е секогаш
воодушевена.