Израел ќе побара подршка и од официјална Тирана за да не се дозволи создавање палестинска држава. Тоа од албанските власти ќе го побара шефот на израелската дипломатија Авигдор Лиеберман кој по Хрватска ќе ја посети и Албанија и Австрија. Медиумите во Тирана јавуваат дека Лиеберман, ќе се обиде да ги убеди овие три земји да не го поддржат барањето на Палестинците за сопствена држава во Обединетите нации во септември. Турнејата на Лиеберман доаѓа само една недела по посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Романија и на Бугарија.