Во сабота ќе се конституира новиот Парламент. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ преговараат за спикерското место?
Конститутивната седница на седмиот собраниски состав ќе почне во сабота на пладне, на истекот на законски предвидениот рок. Ова е договорот од денешната координативна средба на спикерот Трајко Вељаноски со претставници на политичките партии што влегоа во Парламентот и со најстариот пратеник Љубисав Иванов-Ѕинго, кој ќе ја води првата седница.
На конститутивната седница треба да се верификуваат мандатите на новоизбраните 123 пратеници и да биде избран новиот претседател на Собранието. Сепак, пратеникот Тахир Хани од ДУИ информира дека нов спикер може и да не се избере во сабота, туку конститутивната седница да продолжи друг ден, затоа што преговорите за спикерското место меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се уште траат.
По верификувањето на мандатите, претседателот Иванов има рок од 10 дена да му го даде мандатот за составување на нова влада на претставник на победничката партија на изборите, што во овој случај е и досегашниот премиер Никола Груевски. Од денот кога ќе го добие мандатот, Груевски има рок од 20 дена да предложи владина програма и да состави кабинет. За да се изгласа доверба на владата, потребно е просто мнозинство од 62 пратеници, кои ВМРО-ДПМНЕ ги има заедно со ДУИ.
Преговорите за новата коалиција се во тек. Во најголемата партија молчат за преговорите, а од ДУИ доаѓаат само брифинзи од неименувани партиски извори. Коалициските партнери преговараат и за спикерското место во новиот парламент. Во интевју за саботното издание на Публика, коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на Социјалистичката партија на Македонија, Љубисав Иванов-Ѕинго, вели дека нема ништо против, претседател на Парламентот да биде Ермира Мехмети-Деваја.
Го прашавме и пратеникот Андреј Петров од СДСМ, дали тие би гласале за претседател на Собранието од редовите на ДУИ.
„Во оној момент кога владеајчките партии ќе го договорат нивниот предлог за претседател на Парламентот, СДСМ ќе се произнесе по него. Не можеме ништо да кажеме додека не видиме кој е предлогот за
претседател на Парламентот.“
„Немаме никакви фаворити во владејачката структура. СДСМ е опозициона партија и во оној момент кога предлогот ќе биде ставен на маса ќе заземе став и ќе се произнесе по него.“
Најголемата партија на Албанците во земјава се надева и дека ќе добие едно од „клучните“ министерства – внатрешни работи, надворешни работи, финансии или одбрана.
Професор Лазар Лазаров вели дека не треба да се прави „баук“ од тоа Албанец да биде на значајна функција, туку да се гледаат личните квалитети на предложениот кандидат.
„Јас ги гледам личностите како квалитет, како подобни, кои се стручни за таа работа и најмногу можат да придонесат за Република Македонија. Сосема погрешно е да се создава таков скептицизам и баук ако Албанец биде претседател на Собранието на Македонија.“
Нема да биде преседан ако една од овие функции ги добие Албанец. Впрочем, последниот претседател на еднопартискиот парламент во Македонија беше Албанец – Вулнет Старова, а Џевдет Хајредини беше министер за финансии во првата експертска влада во независна Македонија.
Според брифинзите од ДУИ, во идната влада, партијата ќе добие 5 министри, 5 заменици-министри и 5 државни секретари во министерствата, но ресорите се уште не се поделени.
Јас ги гледам личностите како квалитет, како подобни, кои се стручни за таа работа и најмногу можат да придонесат за Република Македонија. Сосема погрешно е да се создава таков скептицизам и баук ако Албанец биде претседател на Собранието на Македонија.
На конститутивната седница треба да се верификуваат мандатите на новоизбраните 123 пратеници и да биде избран новиот претседател на Собранието. Сепак, пратеникот Тахир Хани од ДУИ информира дека нов спикер може и да не се избере во сабота, туку конститутивната седница да продолжи друг ден, затоа што преговорите за спикерското место меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се уште траат.
По верификувањето на мандатите, претседателот Иванов има рок од 10 дена да му го даде мандатот за составување на нова влада на претставник на победничката партија на изборите, што во овој случај е и досегашниот премиер Никола Груевски. Од денот кога ќе го добие мандатот, Груевски има рок од 20 дена да предложи владина програма и да состави кабинет. За да се изгласа доверба на владата, потребно е просто мнозинство од 62 пратеници, кои ВМРО-ДПМНЕ ги има заедно со ДУИ.
Преговорите за новата коалиција се во тек. Во најголемата партија молчат за преговорите, а од ДУИ доаѓаат само брифинзи од неименувани партиски извори. Коалициските партнери преговараат и за спикерското место во новиот парламент. Во интевју за саботното издание на Публика, коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на Социјалистичката партија на Македонија, Љубисав Иванов-Ѕинго, вели дека нема ништо против, претседател на Парламентот да биде Ермира Мехмети-Деваја.
Го прашавме и пратеникот Андреј Петров од СДСМ, дали тие би гласале за претседател на Собранието од редовите на ДУИ.
„Во оној момент кога владеајчките партии ќе го договорат нивниот предлог за претседател на Парламентот, СДСМ ќе се произнесе по него. Не можеме ништо да кажеме додека не видиме кој е предлогот за
претседател на Парламентот.“
РСЕ: А имате ли некои фаворити од владејачката структура?
„Немаме никакви фаворити во владејачката структура. СДСМ е опозициона партија и во оној момент кога предлогот ќе биде ставен на маса ќе заземе став и ќе се произнесе по него.“
Немаме никакви фаворити во владеачката структура. СДСМ е опозициона партија и во оној момент кога предлогот ќе биде ставен на маса ќе заземе став и ќе се произнесе по него.