Македонските граѓани се плашат јавно да говорат и да се собираат, бидејќи стравуваат да не го изгубат работното место, покажува истражувањето на НВО АГТИС.
Македонските граѓани се плашат јавно да говорат, но и да присуствуваат на јавни собири, зашто стравуваат дека така ќе го изгубат работното место, дека можеби ќе бидат апсени, ќе добијат прекршочна или кривична пријава од јавен обвинител.
Ова е заклучокот од истражувањето што невладината организација „АГТИС“ го спроведе кај случајни 1.030 испитаници од 15 градови во
државава, во рамки на проектот за мониторинг на стравот на граѓаните од слободното изразување и собирање.
„Граѓаните многу се плашат од кривична пријава од јавен обвинител, ако искажат мислење, не се потполно свесни дека уставно им е загарантирано правото на искажување на сопствено мислење, 50% сметаат дека јавното и слободно изразување против власта може да има некакви последици по работно место, а 70% сметаат дека ќе имаат задолжително какви било последици“, изјави Александар Цветкоски, претседател на невладината „АГТИС“.
Оваа организаација годинава ја мониторираше и работата на граѓанскиот сектор. Според резултатите од ова истражување невладините организации многу малку влијаат врз демократските процеси во државата.
„Од 11.500 невладини организации колку што беа регистрирани, многу мал број има кои работат во политиката, кои ја притискање на власта, било да е тоа буџетски процес, било да се проектите. Или поинаку речено, да кажеме дека невладините организации не си ја работат работата. Многу мал е капацитетот и желбата на невладините организации да работат во оние сектори каде што ќе имаат директно конфронтирање со власта, на пример мониторингот на закони.“
Како што потенцира Цветкоски, граѓанските здруженија работат само на т.н. безбедни проекти од интерес на поедини категории граѓани, но никако од општ интерес со кој што би се вршел мониторинг на работата на власта и државната администрација. Едноставно невладините избираат проекти кои нема да ги доведат до конфронтација со Владата.
Според анкетата граѓанскиот сектор е најслаб при имплементација на стандарди и акредитации, дерегулација и трансфер на надлежности, закон за градба и сродни закони, катастар и општа управна постапка, инспекциски надзор...
„За да се работи на проекти од самите реформи треба да се развива внатрешен капацитет, треба да се трошат повеќе пари за да се екипира таа невладина организација и да се демонстрира капацитет пред Владата и едноставно да ја стекнат храброста да мониторираат. Мониторингот почнува со предизборните програми, ако невладините организации не ги прочитаат предизборните програми не побараат дообјаснување, тогаш се поставува прашањето и зошто воопшто постојат. Предизборната програма е она што подоцна една невладина организација ќе ја води, во мониторингот на Владата“, вели Цветкоски.
Оваа невладина реагира и на фактот што во Македонија се оддвојуваат ограничени 5 милиони денари, средства од државниот буџет за граѓанскиот сектор, а Комисија од тројца министри одлучува во чии раце и за какви проекти ќе се трошат овие пари од граѓаните. Тоа според „АГТИС“ е доволна причина за сомнеж дека се финансираат проекти од невладини организации кои се блиски до власта.
А, на т.н. Конгрес на гласноста што се одржа во рамки на проектот, невладините организации им се пожалија на политичарите и новинарите дека и при донесување на законската регулатива за овој ресор, воопшто не се земени предвид нивните забелешки и ставови.

Граѓаните многу се плашат од кривична пријава од јавен обвинител, ако искажат мислење, не се потполно свесни дека уставно им е загарантирано правото на искажување на сопствено
мислење.
државава, во рамки на проектот за мониторинг на стравот на граѓаните од слободното изразување и собирање.
„Граѓаните многу се плашат од кривична пријава од јавен обвинител, ако искажат мислење, не се потполно свесни дека уставно им е загарантирано правото на искажување на сопствено мислење, 50% сметаат дека јавното и слободно изразување против власта може да има некакви последици по работно место, а 70% сметаат дека ќе имаат задолжително какви било последици“, изјави Александар Цветкоски, претседател на невладината „АГТИС“.
Оваа организаација годинава ја мониторираше и работата на граѓанскиот сектор. Според резултатите од ова истражување невладините организации многу малку влијаат врз демократските процеси во државата.
„Од 11.500 невладини организации колку што беа регистрирани, многу мал број има кои работат во политиката, кои ја притискање на власта, било да е тоа буџетски процес, било да се проектите. Или поинаку речено, да кажеме дека невладините организации не си ја работат работата. Многу мал е капацитетот и желбата на невладините организации да работат во оние сектори каде што ќе имаат директно конфронтирање со власта, на пример мониторингот на закони.“
Како што потенцира Цветкоски, граѓанските здруженија работат само на т.н. безбедни проекти од интерес на поедини категории граѓани, но никако од општ интерес со кој што би се вршел мониторинг на работата на власта и државната администрација. Едноставно невладините избираат проекти кои нема да ги доведат до конфронтација со Владата.
За да се работи на проекти од самите реформи треба да се развива внатрешен капацитет, треба да се трошат повеќе пари за да се екипира таа невладина организација и да се демонстрира капацитет пред Владата и едноставно да ја стекнат храброста да мониторираат.