Под овој наслов, весникот Њујорк тајмс објавува анализа за интерентот и за неговите бескрајни можности за поврзување на луѓето во светот. Сега, според експертот за онлајан случувањата Ели Парисер, тие можности почнуваат се повеќе да ги ограничуваат.
Приказната почнува:
Приказната почнува: Си беше еднаш едно радиодифузно општество. Во таа правлива прединтернет ера, алатките за размена на информации не беа широко достапни. Доколку сакавте да ги размените вашите мислења со масите, требало да поседувате сопствена печатница или да имате закупено радиобранови.
Контролата на протекот на информации ја имаше елитната класа на издавачи, продуценти или медиумски богаташи кои решаваа што луѓето ќе слушнат или ќе видат за светот. Тие беа Чуварите.
Тогаш дојде Интернетот
Тогаш дојде Интернетот што овозможи комуникација меѓу милиони луѓе и тоа за мали или за никакви трошоци. Наеднаш секој со интернет конекција може да разменува идеи со целиот свет. Осамна нова ера на демократизирани новински медиуми. Можеби и претходно сте ја слушнале оваа приказна за револуционерната моќ на медиумот.
Но, сега во градот се појавија нови вратари. Овој пат не станува збор за луѓе, туку за шифри. Денешните Интернет џинови, Гугл, Фејсбук, Јаху и Мајкрософт во се поголемата достапност кон информациите гледаат можности. Тие се тркаат во понудата на персонализирани филтери кои ни покажуваат на Интеренет она што тие мислат дека ние сакаме да го видиме. Овие филтри всушност ги контролираат и ги ограничуваат информациите кои се појавуваат на нашите екрани. Засега познати ни се комерцијалните реклами кои се појавуваат на нашиот екран врз основа на некои наши претходни кликови.
Ист збор - различни одговори
Но скоро невидливо, нашите пребарувања за информации исто така се персонализираат. Двајца луѓе кои на Гугл бараат ист збор, на пример Египет, можат да добијат значително различни информации кои исто така се базирани врз некои нивни претходни пребарувања.
Сето ова главно е безболно кога станува збор за филтрирање на комерцијални производи во вашиот личен Универзум. Но, кога персонализацијата влијае не само врз она што го купувате, туку и врз она што го мислите, тогаш тоа е друго прашање. Демократијата зависи од способноста на граѓаните да вклучуваат повеќе гледишта.
Додека во некои времиња е добро да се гледа она што сакате да го видите, во други времиња е важно да се видат работи и што не ги сакате.
Кои се новите стражари?
Како и старите чувари, инженерите кои пишуваат нови шифри имаат огромна моќ да решаваат што да знаеме за светот. Но, за разлика од најдобрите стари стражари, тие не се гледаат себе си како чувари на јавната доверба.
Нема алгоритамски еквивалент на новинарската етика. Шефот на Фејсбук, Марк Цукерберг, еднаш на своите колеги им рече: „верверицата која сега умира во вашиот двор може да биде поважна за вашите интереси отколку луѓето кои умираат во Африка“.
На Фејсбук, важноста е практично единствениот критериум кој го детерминира она што ќе го видат корисниците. Всушност верверицата е голема бизнис стратегија, но, не остава затворени во нашиот двор наместо да читаме за страдања, геноцид и револуција.
Наш колективен интерес е да се обезбеди Интеренетот да ги ужива сите можности како револуционарен медиум кој поврзува. Тоа нема да се случи доколку сме запечатени во нашите сопствени персонализирани онлајн светови, се заклучува во текстот објавен во Њујорк Тајмс.