Дневен печат

Можното укинување на безвизниот режим, која партија колку народ собрала на предизборните митинзи, изборните програми... дел од темите во дневниот печат.
Покрај предвремените избори и почетокот на кампањата, што друго ја чека Македонија во периодот пред нас? Можно суспендирање на безвизниот режим, кој толку многу не' релаксира и не израдува сите.

Утрински, со прашалник во насловот пишува: „Од јуни Европа пак ни ја спушта рампата?“, а Дневник го цитира новиот евроамбасадор Соренсен дека во јуни ќе се знае дали ќе има промени во визната либерализација. Вечер, во насловот ја нагласува казнената мерка што ќе ја изрекува државата: Министерството за правда предложи казни од 4 до 8 години затвор за организаторите на азилантските патувања, а
Утрински: Ракавица фрлена во празно - нема ни дуел ни повлекување.

туристичките агенции се под засилени контроли, пишува Вечер.

Е, сега за изборите... Време информира дека СДСМ собрал 70 илјади граѓани на протестниот митинг пред Владата, а Вечер се подбива, па пишува дека „Бранко се занесува дека собрал повеќе граѓани отколку натпревар на Лигата на шампиони“. Утрински насловува: „Ракавица фрлена во празно - нема ни дуел ни повлекување“, во врска со предизвикот што Црвенковски му го упати на Груевски од митингот пред Владата.

Партиските препукувања доминираат во кампњата

Дневник го анализира почетокот на кампањата, па пишува дека „Почна кампањата - почнаа и навредите“ и „На хартија џентлмени, на бина кочијаши“, а Нова Македонија забележува дека и во оваа предизборна кампања просечниот гласач ќе треба да стисне заби и да проголта уште низа излитени фрази и празни зборови кои никако нема да му помогнат да го направи својот избор.

Истиот весник забележува дека и двете најголеми партии во изборните програми најголемо внимание им посветуваат на пензионерите и на социјалците, што ја покажува намерата да се освојат токму нивните
Дневник: На хартија џентлмени, на бина кочијаши.
гласови.

Дневник го цитира претседателот на невладината „Мост“, кој прашува дали ќе има санкции за досегашното прекршување на изборните правила што може да влијае врз целокупниот процес, а Време ги објавува обвинувањата на опозицијата дека состојбата во ДИК е алармантна поради се' позачестените конфликти меѓу членовите предложени од власта и тие од опозицијата.

Време, исто така пишува дека се врши нова злоупотреба на администрацијата за партиски цели: сега, голем дел од партиските активисти зеле боледување или годишен одмор за да работат за партиската кауза, а повеќето од нив, сепак, ја тераат кампањата иако официјално се на работа.