Истражување: Секој шести балканец платил мито

Serbia - Money, Corruption, Generic Photo, undated

Секој шестти граѓанин на Западен Балкан минатата година барем еднаш платил мито, покажува денеска објавеното истражување, кое го спроведе Канцеларијата на Обединетите нации за борба против наркотици и криминал во соработка со Европската комисија. Според резултатите од истражувањето за искуствата на населението на Западен Балкан со корупцијата, 12,5 проценти од граѓаните на Западен Балкан лани му платиле мито на некој јавен службеник, а тоа во просек изнесувало 257 евра. Најголем процент на корупција е забележан во Босна и Херцеговина, каде со овој феномен со соочиле 20,7 проценти од граѓаните. Во Македонија нешто повеќе од 6 проценти од населението се соочило со корупција.