Уапсени „шверцери“ со мигранти

Македонската полиција уапси осум луѓе осомничени за меѓународен шверц со мигранти од Северна Африка и Средниот Исток.
Македонската полиција уапси осум луѓе осомничени за меѓународен шверц со мигранти од Северна Африка и Средниот Исток. При претресот беа откриени 17 марокански државјани, кои требало да бидат пренесени во некоја европска земја, а запленети се и неколку возила. Професор Владимир Пивоваров вели дека се работи за добро организирани групи.
Досега праксата покожува дека главно тоа се мигранти кои од исток одат кон запад, обратен процес не се случува. Најчесто тоа се прави со помош на, ако имаме безвизен режим влегуваат во Македонија, преку Бугарија, најчесто преку Грција се движат кон Западна Европа.


„Во кој влегуваат од самите извршители од граничната линија ако се оди по илегални правци или пак ако се оди на легални правци тука се вклучени службени лица кои се задолжени да се борат против ваквиот вид криминал, потоа патувањето на ваквите лица значи минување ако се оди со автомобил низ одредена територија во земјата и во таква ситуација нормално сите оние кои треба да го спречат тој криминал.“

Поранешениот началник на националното биро на Интерпол во Македонија, Душко Стојановски вели дека шверцот со луѓе е вносен бизнис кој се работи организирано на меѓународно ниво. Борбата против таквиот вид на криминал мора да биде во соработка на полициите од соседните земји и Интерпол.

Министер за внатрешни работи на Република Македонија Гордана Јанкуловска

„Досега праксата покожува дека главно тоа се мигранти кои од исток одат кон запад, обратен процес не се случува. Најчесто тоа се прави со помош на, ако имаме безвизен режим влегуваат во Македонија, преку Бугарија, најчесто преку Грција се движат кон Западна
Трговијата со луѓе, односно миграцијата од Африка кон Европа е сосема друга ситуација, не станува збор за легално напуштање на државата туку тие ја напуштаат илегално и преку илегални канали се обидуваат да влезат во Западна Европа, додека нашите граѓани легално ја напуштаат
државата.
Европа.“

Според Стојановски, шверцот на луѓе не претставува закана за безвизниот режим на Македонија, туку тој е загрозен од тоа што наши граѓани по легален пат излагаат како туристи и се обидуваат да добијат статус на азиланти во некои од западноевропските земји.

„Трговијата со луѓе, односно миграцијата од Африка кон Европа е сосема друга ситуација, не станува збор за легално напуштање на државата туку тие ја напуштаат илегално и преку илегални канали се обидуваат да влезат во Западна Европа, додека нашите граѓани легално ја напуштаат државата, имаат легални патни исправи, но целта им е друга.“

Според Пивоваров, Македонија треба да покаже зрелост пред ЕУ, дека ако сакаме да бидеме нејзини членки можеме целите и задачите како овие случаи да ги завршиме успешно.

„Она што е најбитно за да се справиме со овој вид на криминал е да имаме добро обучена гранична полиција и она што е најважно, а со кое ние не располагаме е да имаме најсофистицирана современа опрема.“