Во Скопје хепенинг по повод Денот на Европа

Во градскиот парк во Скопје денеска напладне почнува Хепенинг по повод Денот на Европа, што е предвиедно да заврши по полноќ со филмска проекција на куси филмови на тема „Визии за Европа,,. Предвидени се презентации на европските земји на учениците од Скопје до 3Д улично цртање со креда во текот на претпладнето, концерти на кои ќе настапат еден од најпознатите македонски музичари Влатко Стефановски, групата Суперхикс и Адријан Гаџа, Тони Китановски Трио, Кире Миладиновски од Локомотива ќе го изведе „Танцот на знамињата“, а ќе се одржат и турнири во фудбал, скејтборд, ролери и велосипеди во текот на попладневните часови. Хепенингот традиционално го организира Делегацијата на ЕУ во соработка со Секретаријатот за европски прашања, локалните власти, амбасадите на земјите членки на ЕУ и други партнери.