Покрај тоа што, според законот, кампањата допрва треба да започне, политичките реклами веќе се на големо присутни. Според експертите, влогот, победа на изборите е многу поголем од евентуалните казни.
Мистериозни билборди во црвено-жолти бои со кои се повикува да се гласа за победникот, билборди со партиски пароли насекаде низ Скопје, видео реклaми на неколку интернет страни, каде што наводно има директен пренос од штабот на СДСМ со кој се прикажува дека луѓето од СДСМ се без идеи, банер со лин кој води до отчетот на ВМРО ДМНЕ за сработеното во изминативе 5 години. Електронските медиуми се преплавени со платени политички програми, во печатените медиуми секојдневно има и по неколку страници реклами, постојано има средби со граѓани,трибини... Политичарите кои ги донесоа измените во Изборниот законик со кои се дефинира дека кампањата може да се одвива само 20 дена пред изборите, не ги почитуваат правилата и ги заобиколуваат.
Досега, само Советот за радиодифузија започна прекршочна постапка против еден медиум за емитување на платена политичка програма. Ниту една партија досега не е казнета за предвремено почнување на предизборна кампања. Претседателот на државната изборна комисија Борис Кондарко, во интервјуто за Радио Слободна Европа што ќе се емитува во недела, вели дека очигледна е ситуацијата, партиите ги прекршуваат правилата за рекламирање на политичките партии во предизборниот период, но Комисијата има ограничени надлежностите за да може да преземе мерки.
„ДИК е надлежна да го надгледува тој процес. Меѓутоа, ДИК не е истражен орган, ние не можеме да истражуваме од кого се направени тие работи, кој стои зад тоа, бидејќи би се претвориле во суд и би требало само тоа да го правиме во текот на изборите, а сите други дејствија да ги пропуштиме.“
Претседателот на невладината организација „Транспаренси Интеренешнл“, Слаѓана Тасева, вели период пред почетокот на кампањата не е законски уреден и претставува „сива зона“, со што тие се рекламираат пред официјалниот старт на кампањата.
„Најголемата недореченост и проблем е тоа што ние немаме дефинирано точно кој орган е надлежен да постапува во следењето на овие состојби. Значи, сите се надлежни и никој не е надлежен. Некој треба да биде надлежен и да утврди кој ги поставил билбордите, затоа што ние сегагледаме билборди поврзани со изборниот процес, а не можеме да видиме кој ги поставил.“
Злоупотребите не прават само со рекламирањето, политичарите ги користат и службените бенефиции и ресурси за политичко промовирање. Во име на транспарентност, локалните власти не презентиртаат отчет туку се промовираат себеси. Правникот и поранешен антикорупционер Драган Малиновски вели дека политичарите свесно го прекршуваат законот.
„Го прекршуваат законот и на некој начин и самите казнени одредби кои се прилично либерални и благи стимулираат вакво однесување. Затоа што влогот кој е во прашање, изборната победа, е многу повредна отколку платените пет илјади евра казна за прекршителите на овие одредби. Би биле многу благо казнети имајќи предвид за какви цифри и придобивки се работи.“
Експертите предупредуваат дека не е доволно меѓународните и домашните набљудувачи да го мониторираат само денот на изборите затоа што ваквите злоупотреби можат да го нарушат изборниот процес. Во други држави партиите кои ги прекршуваат предизборните правила се соочуваат со санкција „забрана за учество во изборите“, вели Тасева.
ДИК не е истражен орган, ние не можеме да истражуваме од кого се направени тие работи, кој стои зад тоа, бидејќи би се претвориле во суд и би требало само тоа да го правиме во текот на изборите.
Досега, само Советот за радиодифузија започна прекршочна постапка против еден медиум за емитување на платена политичка програма. Ниту една партија досега не е казнета за предвремено почнување на предизборна кампања. Претседателот на државната изборна комисија Борис Кондарко, во интервјуто за Радио Слободна Европа што ќе се емитува во недела, вели дека очигледна е ситуацијата, партиите ги прекршуваат правилата за рекламирање на политичките партии во предизборниот период, но Комисијата има ограничени надлежностите за да може да преземе мерки.
Најголемата недореченост и проблем е тоа што ние немаме дефинирано точно кој орган е надлежен да постапува во следењето на овие состојби.
„ДИК е надлежна да го надгледува тој процес. Меѓутоа, ДИК не е истражен орган, ние не можеме да истражуваме од кого се направени тие работи, кој стои зад тоа, бидејќи би се претвориле во суд и би требало само тоа да го правиме во текот на изборите, а сите други дејствија да ги пропуштиме.“
Претседателот на невладината организација „Транспаренси Интеренешнл“, Слаѓана Тасева, вели период пред почетокот на кампањата не е законски уреден и претставува „сива зона“, со што тие се рекламираат пред официјалниот старт на кампањата.
„Најголемата недореченост и проблем е тоа што ние немаме дефинирано точно кој орган е надлежен да постапува во следењето на овие состојби. Значи, сите се надлежни и никој не е надлежен. Некој треба да биде надлежен и да утврди кој ги поставил билбордите, затоа што ние сега
Го прекршуваат законот и на некој начин и самите казнени одредби кои се прилично либерални и благи стимулираат вакво однесување. Затоа што влогот кој е во прашање, изборната победа, е многу повредна отколку платените пет илјади евра казна за прекршителите на овие одредби. Би биле многу благо казнети имајќи предвид за какви цифри и придобивки се работи.