Објавувањето тајно снимани разговори го отвора прашањето за балансирање меѓу две човекови права – правото на приватност и правото на изразување.
Политичарите и носителите на јавни функции во Македонија треба да сфатат дека јавниот интерес треба да биде многу почитуван и да внимаваат, со одредени постапки, да не го повредат правото на изразување и легитимното право на медиумите да отвораат прашања за кои ќе проценат дека се од висок јавен интерес, вели директорката на МИМ, Билјана Петковска.
Прилогот објавен на А1 Телевизија во кој со тајно снимање на телефонски разговори се докажува дека во администрацијата се прават списоци на сигурни гласачи за владејачката партија го отвора прашањето за балансирање меѓу две основни човекови права – правото на приватност и правото на изразување. Кај нас овие права се поставени на ниво на генерални принципи но понатаму не се операционализирани. Меѓународен стандард е редакцијата да процени дали ќе објави тајно снимени разговори, ако за тоа има висок јавен интерес, вели Петковска.
„Меѓутоа, она на што повикува и Европскиот суд за човекови права во неговата пракса и меѓународните стандарди е дека и судовите кога потоа постапуваат по такви предмети исто така мора да внимаваат да не придонесат, со некоја своја одлука да ги замолчат медиумите во иднина исплашени од евентуално нивно санкционирање по објавување на таква информација за која што редакцијата проценила дека е од јавен интерес. Да не ги заплаши медиумите и новинарите и во иднина да објавуваат такви информации.“
Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски вчера соопшти дека владејачката партија ја замрзнува одлуката да не тужи новинари. Одлуката доаѓа откако А1 објави тајно снимани разговори со раководители во јавни претпријатија кои признаваат дека вршат притисоци врз вработените да гласаат за владејачката партија. Новинарите на А1 лажно се претставуваат како претставници на ВМРО-ДПМНЕ.
Милошоски рече дека медиумите на Велија Рамковски не им ги објавуваат демантите и дека нема одговори на нивните претставки од ЗНМ и затоа ќе почнат да тужат.
На тоа реагираше Советот на честа при ЗНМ. Во Советот на честа велат дека тие работат според нивните правилници кои предвидуваат рокови во кои треба да се донесе одлука. Претставките на оваа партија и на некои министерства се во процедура, велат тие.
Новинарот Иван Блажевски, кој е член на Советот на честа во ЗНМ вели дека Советот, отворил соодветна постапка веднаш откако примил претставка од ВМРО-ДПМНЕ за информации објавени во весникот Шпиц. Согласно Правилникот за работа на Советот, субјектот против кого се поднесени претставките го испочитува рокот од осум дена и се изјасни за нив, вели Блажевски.
„И сега на нашата следна седница која е закажана за утре ќе донесеме решение дали да поведеме постапка или не, врз основа на тоа што ќе ни даде Шпиц и врз основа на тоа што веќе ние го имаме како доказен материјал и како текст и како претставка од ВМРО-ДПМНЕ. Така што како и со сите претставки ќе се однесуваме и кон оваа и било која друга.“
Блажевски вели дека во процедура пред Советот за честа се и претставките што ги поднело Министерството за внатрешни работи и претставката што ја поднел Антонио Милошоски како министер за надворешни работи.
Она на што повикува и Европскиот суд за човекови права во меѓународната пракса и меѓународните стандарди е дека и судовите кога потоа постапуваат по такви предмети исто така мора да внимаваат да не придонесат со некоја своја одлука да ги замолчат медиумите во иднина исплашени од евентуално нивно санкционирање по објавување на таква информација за којашто редакцијата проценила дека е од јавен интерес, да не ги заплаши медиумите и новинарите.
Прилогот објавен на А1 Телевизија во кој со тајно снимање на телефонски разговори се докажува дека во администрацијата се прават списоци на сигурни гласачи за владејачката партија го отвора прашањето за балансирање меѓу две основни човекови права – правото на приватност и правото на изразување. Кај нас овие права се поставени на ниво на генерални принципи но понатаму не се операционализирани. Меѓународен стандард е редакцијата да процени дали ќе објави тајно снимени разговори, ако за тоа има висок јавен интерес, вели Петковска.
„Меѓутоа, она на што повикува и Европскиот суд за човекови права во неговата пракса и меѓународните стандарди е дека и судовите кога потоа постапуваат по такви предмети исто така мора да внимаваат да не придонесат, со некоја своја одлука да ги замолчат медиумите во иднина исплашени од евентуално нивно санкционирање по објавување на таква информација за која што редакцијата проценила дека е од јавен интерес. Да не ги заплаши медиумите и новинарите и во иднина да објавуваат такви информации.“
Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски вчера соопшти дека владејачката партија ја замрзнува одлуката да не тужи новинари. Одлуката доаѓа откако А1 објави тајно снимани разговори со раководители во јавни претпријатија кои признаваат дека вршат притисоци врз вработените да гласаат за владејачката партија. Новинарите на А1 лажно се претставуваат како претставници на ВМРО-ДПМНЕ.
Милошоски рече дека медиумите на Велија Рамковски не им ги објавуваат демантите и дека нема одговори на нивните претставки од ЗНМ и затоа ќе почнат да тужат.
И сега на нашата следна седница која е закажана за утре ќе донесеме решение дали да поведеме постапка или не.