Во Либија веќе три месеци се водат борби меѓу силите лојални на лидерот Моамер Гадафи и бунтовниците кои се обидуваат да го симнат од власт. Тие велат, ни треба нешто повеќе од поддршката на НАТО, ни требаат пари. Во исто време, милијарди долари на сметки на либиската влада лежат во странски, пред се американски банки.
Борбите во Либија, особено околу опседнатиот бунтовнички град Мисрата не покажуваат знаци дека наскоро и ќе попуштат.
Населението е очајно за храна, лекови и други основни потреби.
НАТО мисијата за заштита на цивилите почна пред два месеца, но владините сили се уште ги напаѓаат бунтовниците кои бараат поголема помош од меѓународната заедница.
А под тоа се подразбираат пари.
Либија како голем произведувач на нафта има милијарди долари, евра и фунти во банки ширум светот, но оние во Соединетите Држави се замрзнати, како мерка против владата поради нејзиниот брутален однос спрема своите граѓани.
„Не минува ден да не видам како силите на Гадафи употребуваат насилство врз мажи, жени и деца или ги користат како штит. Нашата мисија е тоа да го запреме“, вели НАТО командантот, генерал полковник Чарлс Бучард.
Деновиве, бунтовниците добија добри вести од меѓународната контакт група за Либија, односно дека е воспоставен привремен фонд за нивно финансирање.
Но, донираните пари се само мал дел од трите милијарди долари што ги побара либиската бунтовничка влада за успешно војување против силите на Гадафи.
Во меѓувреме, десет пати поголема сума од побараната лежи во американски банки, замрзната по наредба на претседателот Барак Обама.
„Тоа е надворешно-политичка функција на претседателот. Тој дејствува по овластување што му е дадено со Уставот, но и со одредени закони“, наведува економскиот експерт од Вашингтон Хол Еран.
Либискиот привремен национален совет како преодна влада е призната од неколку земји, но не и од Соединетите Држави, што, според поранешниот либиски амбасадор во Вашингтон кој пребегна во редовите на бунтовниците Али Сулејман Ауџали, е единствената пречка за користење на замрзнатите милијарди.
На тоа мислење не е и адвоктатот по меѓународно право Ерик Ферари.
„Што ќе се случи ако Гадафи остане на власт и ја задржи контролата? Во тој случај, и покрај признавањето од Соединетите Држави, сите пари на либиската влада сте и ги дале на некоја невладина организација.“
Според таа логика, опозиционите борци имаат мали шанси да ги добијат парите на Гадафи додека војуваат против него.
Други експерти се на став дека бунтовниците не треба да сметаат на парите ни откако ќе го соборат Гадафи од власт.
Имено, како што додаваат, тие претходно треба да докажат дека и целиот финансиски систем во Либија е под нивна контрола.
Она што е јасно е тоа дека претседателот Обама како што го замрзна, има право и да го одмрзне ова либиско богатство.

Што ќе се случи ако Гадафи остане на власт и ја задржи контролата? Во тој случај, и покрај признавањето од Соединетите држави, сите пари на либиската влада сте и ги дале на некоја невладина организација.