Обама за Либија: Нашата коалиција е подготвена да реагира веднаш

Претседателот Барак Обама со лидерот на Либија Муамар Гадафи

Луѓето во Либија мора да бидат заштитени. Имајки предевид дека нема прекин на насилството, нашата коалиција е подготвена да дејствува - да реагира веднаш, изјави денеска американскиот претседател Барак Обама за време на посетата на Бразил, во врска со ситуацијата во северноафриканската земја. Претходно, претседателот на Франција Николас Саркози изјави дека француски воени авиони тргнале кон Либија да интервенираат против воздушните напади на силите лојални на лидерот Муамар Гадафи. Американски и дански летала слетале во базите во Италија, јавија медиумите повикувајки се на извори од војската. Насилството во Либија ескалираше со офанзивата на војската во градот Бенгази, центар на бунтовничките сили. Илјадници луѓе бегаат од градот во источниот дел на Либија.