Франција ќе интервенира во Либија

Борбен авион утрово беше соборен над Бенгази

Франција ќе испрати воени авиони кон Либија, со цел да ги спречат воздушните напади на силите лојални на либијскиот лидер Муамар Гадафи врз жителите на Бенгази, потврди денеска францускиот претседател Николас Саркози по средбата со лидерите во Версајскиот замок близу Париз. Француските авиони се подготвени да ги спречат и тенковите на теренот околу градот во истокот на Либија, каде бунтовниците се судрија со следбениците на Гадафи. Францускиот претседател дополни дека дипломатските врати со северноафриканската земја „може повторно да бидат отворени“, доколку Гадафи се согласи на барањата на меѓународната заедница.