Либија тврди дека го почитува прекинот на огнот

Либија денеска ги отфрли обвинувањата дека го прекршила прекинот на огнот која таа самата го прогласи. Либиската официјална новинска агенција Џана објави дека либиските војници во самоодбрана биле принудени да се борат во упориштето на бунтовниците во Бенгази. Претходно агенциите јавија за жестоки бомбардирања во Бенгази и оти бил соборен еден воен авион. Според бунтовниците, силите лојани на Гадафи влегле во западните предградија на Бенгази. Ситуацијата во Либија ќе биде тема на денешниот состанок во Париз на претставници на Европската унија, на Арапската лига, на Африканската унија, како и американскиот државен секретар Хилари Клинтон и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун.