Исполитизирано општество

Македонското општество е длабоко исполитизирано и се чини дека дури и секојдневниот живот на граѓаните го менаџираат политичарите, велат експертите.
Политиката во Македонија е навлезена во сите пори на општеството. Нејзините креатори станаа неизоставен дел во живот на граѓаните. Тие се присутни на отварање на изложби и на сали, на поставување на споменици, па се до промоција на нови книги, удирање на камен темелник и на маалски игралишта. Политичарите се појавуваат на сите битни и небитни настани, а се мешаат и онаму каде што не им е местото. Ги гледаме и ги слушаме по неколку пати на ден. Дури и децата ги знаат нивните имиња и функции. Граѓаните велат дека за жал тоа е реалноста и политичарите се неизбежен дел од секојдневието.

„Затоа што се нон стоп на телевизија, во медиумите само тоа го има, за парламентот, за владата, за опструкциите, за се.“
Оптеретени сме со изјавите, со нивното работење, дури и децата научија.

„Зошто така ние им дозволуваме.“

„Оптеретени сме со изјавите, со нивното работење, дури и децата научија.“

„Видете, мислам дека со тоа ја прекриваат немаштијата, економијата, она што треба да го решаваат на друг начин, вака се расправаат и го прекриваат.“

Социологот Илија Ацески вели дека е факт оти сме едно исполитизирано општество во кое секое прашање што се однесува на заедницата е политички третирано и се добива впечаток дека меѓусебните односи на граѓаните се менаџирани од партиите.
Со тоа ја прекриваат немаштијата, економијата, она што треба да го решаваат на друг начин.

Политичарите ја „решаваат“ судбината на граѓаните, сметаат експертите

„Она што е од интерес на граѓаните што треба да се решава во едни нормални околности или услови, тоа во Македонија е ставено во една политичка матрица која постојано создава нервоза, несигурност, страв... Живееме во една изгубена заедница каде што и државата ни е доведена во прашање и сето тоа создава еден невротичен човек кој ги трпи тие последици.“

Од политичарите зависи?

Професорката и активист за човекови права Мирјана Најчевска вели дека политиката има огромно влијание врз животот на граѓаните и се создава впечаток дека се се врти околу неа.

„Во моментот во Македонија се стекнува впечаток дека граѓаните не зборуваат за ништо друго освен за политика, за избори, за тоа што прави еден политичар, што прави друг политичар... Значи целокупниот општествен живот како да се врти околу политиката и во врска со политиката.“

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека проблемот е во тоа што одлуките на политичарите прават радикални промени во животот на граѓаните.
Во моментот во Македонија се стекнува впечаток дека граѓаните не зборуваат за ништо друго освен за политика, за избори, за тоа што прави еден политичар, што прави друг политичар... Значи целокупниот општествен живот како да се врти околу политиката и во врска со политиката.

„Во Македонија секако влијаат, земајќи ја предвид големината, економската и социјалната ситуација, државата е многу битен фактор во секојдневниот живот така што влијаат, како со нивното однесување, така со нивните одлуки.“

Според Ацески, ’опседнатоста‘ со политиката се должи на тоа што луѓето се свесни дека нејзините протагонисти ја имаат најголемата моќ во земјата.

„Би рекол се уште најголемата моќ во услови кога немате до крај регулирано правно нормативни односи, политичката моќ носи огромна привилегија, носи огромно влијание, корист, материјална, во секој поглед.“

Најчевска вели дека проблемот е во отсуството на вистинската работа на демократските институции, како и неспособноста на политичките партии да се извлечат од пропагандистичкото делување, односно не научија како треба да се однесуваат кога се на власт.

„Цело време и кога се на власт и кога се во опозиција, тие делуваат опозиционо, односно се обидуваат да се рекламираат, да ја пропагираат својата активност, наместо партиите што се на власт сето тоа да го прават низ делувањето на демократските институции, низ работата на државата.“

Исполитизиран живот во сиромаштија и неизвесност

Исчекувањето и неизвесноста пред одржувањето на избори, според граѓаните, го зголемува влијанието на политичарите, бидејќи тогаш се јавува стравот загубење на работните места, а се вршат и поделби меѓу луѓето по партиска определба.

А народот „тоне“ во сиромаштија

„Тоа се трауми за граѓаните, посебно губењето на работните места. На Запад не е како кај нас, таму можат да го кажат својот збор јавно.“

„Видете, јас сум генерација која веќе се обезбеди со школство, со работа, со пензија, но не знам што ќе биде со моите внуци, дури и децата се уплашени. Партиското влијание е многу лошо. Јас имам ќерка во Германија и одам наваму-натаму и таму луѓето се некако ослободени и одат на работа без притисок.“
Видете јас сум генерација која веќе се обезбеди со школство, со работа, со пензија, но незнам што ќе биде со моите внуци, дури и децата се уплашени. Партиското влијание е многу лошо. Јас имам ќерка во Германија и одам наваму натаму и таму луѓето се некако ослободени и одат на работа без притисок.


„Немаме избор, можеме да направиме нешто?“

Според Најчевска, земјата се наоѓа во константна изборна процедура, а тоа го покажува и делувањето на политичките партии и затоа не може нормално да функционираат општеството и граѓаните.

„Тие цело време ги држат на многу високо ниво дел од прашањата коишто не претставуваат елементарни, егзистенцијални прашања за граѓаните, меѓутоа коишто може да мобилизираат многу емоции и многу народ за кратко време и автоматски целата наша заедница во моментов е како акутно болен човек, цело време имаме подигната температура која не ни овозможува, да функционираме нормално.“

Професорот Христо Карталов вели дека во земјава поделбите врз основа на политичките партии и нивните агенди се пренесуваат на граѓаните, а посебно во време на предизборие.
Тука веќе се надоврзуваат тие поделби на патриоти, издаици итн, и сето тоа создава непријатна клима во секојдневното живеење меѓу обичните луѓе кога меѓусебе разговараат. Значи се пренесува тоа во тие пропагандни средства, медиумите се исто така поделени и оттука и неизвесноста, односно самите избори уште повеќе можат да ја поделат земјата.


„Тука веќе се надоврзуваат тие поделби на патриоти, издаици итн, и сето тоа создава непријатна клима во секојдневното живеење меѓу обичните луѓе кога меѓусебе разговараат се пренесува тоа во тие пропагандни средства. Медиумите се исто така поделени и оттука и неизвесноста, односно самите избори уште повеќе можат да ја поделат земјата.“

Карталов додава дека тогаш стравот кај граѓаните се зголемува, поради неизвесноста од иднината, која им зависи од политичарите.

„Со изборите се поврзани многу неизвесности коишто можат да го пореметат и овој мир што го имаме и ниво на стандард што го имаме, редовност на платата, какво такво здравство итн, затоа што политичките актери кај нас се многу закрвени, многу се вкопани, ние немаме некакви востановени демократски односи.“

Според Муслиу, познато е дека државата е најголемиот и најсигурниот работодавач и како последица на минатиот систем на неа се гледа и како најбезбедна варијанта.

„Поради позицијата на државата и во економијата, така што имате една голема група на луѓе кои вработувањето во државната администрација го сметаат како вработување за цел живот и одлуките на државата, во смисла на надворешната, на внатрешната политика влијаат врз секојдневниот живот.“
Ефектот го има за жал и во негативна смисла, се подиигнат тензиите меѓу граѓаните, се подига ривалитетот меѓу граѓаните од различни политички провиниенции.


И тоа е причината поради која пред изборите се зголемуваат тензиите, додава Муслиу.

„Ефектот го има за жал и во негативна смисла, се подиигнат тензиите меѓу граѓаните, се подига ривалитетот меѓу граѓаните од различни политички провиниенции.“

Од настаните на скопското Кале. Политичките тензии се рефлектираат и врз меѓуетничките односи

Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори вели дека политичката нестабилност во една земја негативно се одразува врз бизнисот и стопанството.

„Знаете дека бизнисмените се конзервативна категорија и дека секој бизнисмен ќе оди еден чекор назад во една политички нестабилна ситуација и ќе се одрази врз економската ситуација.“

Според Ацески, најголем дел од граѓаните изборите ги доживуваат како една елементарна непогода, бидејќи внесуваат немир во нивното секојдневие.

„Предизборието и времето за време на изборите, го доживуваат како елементарна непогода затоа што почнува една ситуација кога навидум се е дозволено од самите политички партии, навидум тие се додворуваат на
Па јас немам впечаток дека воопшто интересите и потребите на граѓаните наоѓаат свој пат до се она што треба да претставуваат места на одлучување.
гласачите, но сепак во голема мера го навредуваат нивното политичко чувство.“

Интересите на граѓаните на последно место

Политичарите не гледаат да ги остварат интересите на граѓаните, туку само ги интересира власта, а со тоа не го подобруваат животот во општеството, туку напротив го отежнуваат, вели Најчевска:

„Па јас немам впечаток дека воопшто интересите и потребите на граѓаните наоѓаат свој пат до се она што треба да претставуваат места на одлучување.“

Муслиу смета дека на политичарите им е битно само да добијат гласови на најлесниот начин, а не со освојување на приврзаници преку макотрпна работа.

„Јас мислам со нивната тенденција да не се борат многу за гласот на избирачите преку работење, со развојни програми итн., тие полесно да се одлучуваат на гласови кои се генерираат или преку генерирање тензии со политичките опоненти или со генерирање меѓуетнички тензии, тие се условно кажано „полесни гласови“ и за жал нашите политичари веќе 20 години се одлучуваат за тие ’брзи‘ гласови отколку за овие ’потешки‘, кои се стекнуваат со макотрпна работа.“

По изборите можеби ќе се смени владејачката гарнитура или ќе дојдат некои нови лица на сцена, но едно е сигурно политичарите остануваат најголемите ѕвезди во нашето општество.