(Не)Сеизмолошки стандарди?

Скопје

Запазувањето на сеизмолошките стандарди во Македонија зависи од сериозноста на инвеститорот, велат во Здружението за градежништво. Според ИЗИС, пак, поголемите објекти се сеизмички отпорни, што не може да се каже за помалите.
Генерално, големите градби во Македонија се сеизмички отпорни на потреси, иако при посилен земјотрес може да се очекуваат оштетувања, но без опасност од нивно уривање. Од друга страна, пак, истото не може да се каже и за помалите градби за индивидиуално домување, велат луѓето од градежниот сектор.

Претседателот на здружението на градежници Никола Велковски, вели дека сериозните инвеститори не сакаат да рикизуваат и не отстапуваат од сеизмолошките стандарди при изградба на обејкт, но
Мислам дека не се води сметка, нема надзор, тој дел на индивидуалните градби еве сега и со новиот закон се остави само изведувачот преку своја изјава и само со печат од нотар, да каже дека е изведен спрема
проектот.
проблемот е кога станува збор за малите градби каде што финансирањето е проблем, па тука и не се води доволно грижа за стандардите.

„Мислам дека не се води сметка, нема надзор, тој дел на индивидуалните градби еве сега и со новиот закон се остави само изведувачот преку своја изјава и само со печат од нотар, да каже дека е изведен спрема проектот.“

Тој додава дека кај објектите што се повисоки од 10-тина метри и да има остапувања, тие се незначителни затоа што, како што вели градителите знаат на какво подрачје сме и што би можело да значи ако се штеди на арматура.

Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерскасеизмологија Михаил Гаревски вели дека по катастрофалниот скопски земјотрес од 1963-тата година се воведени и првите прописи за сезимичко проектирање кои се применуваат до денеска.

„Генерално може да се процени дека градбата е сеизмички добра и сите објекти се преоктирани без рушење да го издржат скопскиот катастрофален земјотрес, што не зачи дека ако би се случил земјотрес како скопскиот дека не би имало штети на самите објекти.“


Сомнежот се јавува за градбите по 90-тите години, затоа што се намалува нивото на контрола, како се гради и дали се почитуваат стандардите. Гаревски вели дека во последниве 20 години, институтот понекогаш прави контрола на капитални обејкти кои ги гради државата, но тоа не е случај и со проектите на приватните инвеститори.
Генерално може да се процени дека градбата е сеизмички добра и сите објекти се преоктирание без рушење да го издржат скопскиот катастрофален земјотрес, што не зачи дека ако би се случил земјотрес како скопскиот дека не би имало штети на самите објекти.

„Но, бројот на приватни инвеститори кои што бараат Институтот да направи проект или да направи ревизија е практично минимален така што ние немаме посебен увид во новите градби односно во проектите на новите градби, но тоа потенцирам не значи дека тие не чинат.“

Велковски вели дека постои ризик од изградба на нестабилна конструкција.

„На повеќе објекти многу е мала контролата, надзори нема, и се остава повеќе на она што значи инвентивност и стручност на мајсторите, но тоа претставува извесен ризик за стабилноста на конструкцијата.“

Искуството во градежништвото во последниве две години покажало дека не секогаш изведувачите внимаваат на стандардите во изградбата или реновирањето на државните објекти. Последен пример за непочитување на стандарди со трагичен крај е паѓањето на покривот на тетовската болница при што една девојка загина.