Под овој наслов, магазинот Нејшнл Интерестс објавува текст на потпретседателот во американскиот Кејто институт, Тед Карпентер, а во врска со можноста за поделба на Босна и Херцеговина. Според него, за ова сериозно треба да размислат и Соединетите Држави и Европската унија.
Последниот референдум во Јужен Судан за отцепување на тој регион ќе резултира со нова независна држава. И се чини дека централната влада во Картум мирно ќе прифати загуба на повеќе од една третина од територијата, нешто на што, со сила, се противеше во изминативе неколку децении.
Резултатот во Јужен Судан сугерира дека поделбата некогаш може да биде солуција, можеби и единствената, во непремостливите разлики меѓу етничките или верските групи во една земја, пишува Тед Карпентер од Кејто Институтот, додавајќи:
„Навистина, некои ќе кажат дека ваквата стратегија не е добра, на пример британската одлука за поделба на јужноазиската колонија меѓу новонастаните држави хиндуската Индија и муслиманскиот Пакистан. Но, исто така, можно е да се цитираат примери во кои резултатите биле позитивни, па дури и подобри од алтернативата. Распадот на Советскиот Сојуз и чехословачкиот мирен развод се јасни примери за тоа.
Хронично нефункционалната Босна и Херцеговина би требало да сепосматра како одличен кандидат за поделба. И покрај целосниот неуспех на таа вештачка творба да се гради нешто слично на национална кохезија, во изминативе над 15 години од Дејтонскиот договор со кој заврши граѓанската војна, Соединетите Држави и европските лидери се уште инсистираат на одржување на Босна каква што е, дури и ако мора вечно да се прави со поддршка на меѓународните агенции.
Тоа е ужасно кратковида стратегија, вели Тед Карпентер додавајќи:
„Западните креатори на политиката се фатени во уште една стапица, односно како да направат да изгледа дека на крајот Босна ќе излезе успешна приказна.“
Омилениот најнов лек е дека откако Босна ќе влезе во Европската унија ќе станат ирелевантни етничките кавги меѓу српската, хрватската и муслиманската заедница во земјата. Тоа не само што ја потценува претпоставката дека етничката омраза ќе се зголемува, туку и го шири оптимизмот дека Европската унија ќе ја прими Босна во нејзините редови и тоа наскоро.
Но, се повеќе има и такви, особено од поголемите држави во Унијата кои негодуваат во врска со постоечките помали и послаби членки, се наведува во текстот во кој притоа се спомнуваат економските проблеми во Грција, Португалија, Ирска.
„Европските влади, најверојатно ќе се колебаат Босна да стане членка, бидејќи таа се соочува со политички и економски дефекти. И Соединетите Држави и Европската унија треба да ја прифатат манифестираната желба на српското малцинство, кое е една третина од населението на Босна, да се отцепи, да формира независна држава или да се спои со Србија.“
Соединетите Држави и нејзините сојузници во НАТО премногу долго време се обидуваа да ја диктираат политиката во Босна. Нивното мешање произведе неодржлива ситуација. Тие треба да го сменат курсот и да одобрат политичката транзиција, базирана врз поделба. Нивната единствена цел треба да биде оркестрирање на тој процес и притоа да ја зголемат веројатноста тој да биде изведен мирно, заклучува Тед Карпентер за магазинот Нејшнал Интерестс.
Резултатот во Јужен Судан сугерира дека поделбата некогаш може да биде солуција, можеби и единствената, во непремостливите разлики меѓу етничките или верските групи во една земја, пишува Тед Карпентер од Кејто Институтот, додавајќи:
„Навистина, некои ќе кажат дека ваквата стратегија не е добра, на пример британската одлука за поделба на јужноазиската колонија меѓу новонастаните држави хиндуската Индија и муслиманскиот Пакистан. Но, исто така, можно е да се цитираат примери во кои резултатите биле позитивни, па дури и подобри од алтернативата. Распадот на Советскиот Сојуз и чехословачкиот мирен развод се јасни примери за тоа.
Хронично нефункционалната Босна и Херцеговина би требало да се