Владата одлучи да интервенира со 40 илјади тони пченица од стоковите резерви, која на пазарот ќе се продава по цена од 15,5 денари по килограм. Како што соопштија денеска министрите од економските ресори, одлуката е донесена со цел да се ублажи ударот од последните поскапувања на лебот. Според надлежните министри, овие количини ќе бидат доволни за санирање на проблемите на пазарот со недостиг на пченица, со што би се обезбедила стабилна цена на лебот.