Тешки средби во Вашингтон

Политичките партии во Македонија со различни очекувања од средбните на Груевски во Вашингтон

За опозицијата денешната средба на премиерот Никола Груевски во Вашингтон со американскиот потпретседател Џо Бајден и државната секретарка Хилари Клинтон е значајна. Проблемот е, велат, што Груевски едно ветува, а друго прави и прашањето е до каде е трпението на меѓународниот фактор. Од друга страна, владејачката ДУИ е оптимистички расположена дека средбата ќе биде позитивна за компромис за името со Грција.
Иако се согласуваат дека се работи за една од најзначајните средби за македонската дипломатија, политичките партии имаат различни очекувања од разговорите меѓу премиерот Никола Груевски со американскиот потпретседател Џозеф Бајден и државната секретарка Хилари Клинтон. Актуелните прашања како што се владеење на правото, слободата на
Трпението на целата меѓународна заедница, пред се на Вашингтон, е на такво ниво што и Груевски не може веќе да ги користи старите негови познати трикови, кога едно и ветуваше на меѓународната заедница, а сосема друго
правеше.
медиумите и независноста на судството, се на агендата на разговорите, како и за спорот за името со Грција и можноста за негово поскоро надминување. Опозицијата очекува Груевски да биде критикуван за актуелните случувања во земјата и по неговото враќање во земјата работите да станат појасни:

„Очигледно дека трпението на целата меѓународна заедница, пред се на Вашингтон, е на такво ниво што и Груевски не може веќе да ги користи старите негови познати трикови, кога едно и ветуваше на меѓународната заедница, а сосема друго правеше“, вели Владо Бучковски од СДСМ.

Од владејачката ДУИ очекуваат успешна средба и плодни разговори. Тахир Хани од оваа партија вели дека Груевски ќе се врати со агенда која треба да се исполни за Македонија да осигура членство во евроатланските структури.

Државниот секретар Хилари Клинтон

„Ова е клучен момент, Република Македонија преку Никола Груевски да
За карактер како што е Груевски очигледно треба некој што е авторитет, па да му објасни во каква ситуација
живееме.
може да изнајде компромисно решение за името.“

Прашањето за името ќе биде едно од главните во разговорите, вели Андреј Жерновски од Либералнодемократската партија, додавајќи дека нема да бидат исклучени актуелните проблеми во земјава:

„За карактер како што е Груевски очигледно треба некој што е авторитет, па да му објасни во каква ситуација живееме во Република Македонија.“

Лидерот на Либералната партија, Стојан Андов вели дека средби од ваков висок ранг се голема шанса за земјава да ги усогласи своите политики со меѓународните и да изгради вистински сојузнички однос со Соединетите Држави.
Тоа ќе има некој битен резултат за Македонија, ако Груевски ја напушти својата досегашна тактика, која значеше само додека се водат разговори се е во ред, а потоа работи спротивно на тоа што го договарал.


„Тоа ќе има некој битен резултат за Македонија, ако Груевски ја напушти својата досегашна тактика, која значеше само додека се водат разговори се е во ред, а потоа работи спротивно на тоа што го договарал.

Американскиот потпретседател Џо Бајден


Скептични околу исходот од средбата, воопшто и од посетата на Груевски во Соединетите Држави, се во Нова демократија.

„Сметам дека е многу потребно да се даде допринос за воспоставување на внатрешна кохезија, на стабилност во државата која ќе се рефлектира и надвор во регионот“, изјави Флора Кадриу од Нова Демократија.

Како подготовка на денешните средби со Бајден и Клинтон, премиерот Груевски вчера се сретна со Филип Гордон, помошник државен секретар за Европа и Евроазија.
За време на дводневниот престој во Вашингтон, македонскиот премиер ќе има повеќе средби со сенатори и конгресмени.