Во име на поддршка или противење на изградба на црква на Кале, на социјалната мрежа Фејсбук се води интернет војна, говор на омраза на етничка и политичка основа.
Повици за обединување како на пример „Македонија на Македонците“ или за „Голема Албанија“, физички пресметки, етничко чистење, пцовки.... се само дел од коментарите на неколку групи кои се создаваат во име на поддршка или противење на изградба на музеј-црква на скопското Кале. Но, тоа не е се. На интернет страната Ју тјуб се појави и ново видео со снимки од тепачката на скопското Кале во која за дирекни виновници се посочува опозицијата. Министерството за внатрешни работи побара од Фејсбук да се избришат групите за црквата на Кале каде се споделува агресивна содржина и ги побара ИП адресите на администраторите и корисниците на групите.
Уредникот на порталот за информатичка технологија it.com.mk, Виктор Арсовски вели дека поединечно гонење на секој корисник не би било можно бидејќи се работи за илјадници луѓе.
„Како што е поговорката ’пиштолот не убива луѓе, туку луѓе убиваат луѓе‘, Фејсбук е само алатка која ги организирала двете групи на пример за да се соберат на Кале, оттука натаму Фејсбук нема никаква улога. Фејсбук може да биде алатка и за да се организираат собир на пријатели и тој настан да се претвори во нешто убаво, а може да биде и нешто насилно.“
Интеренет консултантот Дарко Булдиоски вели дека проблематичниот говор на социјалните мрежи може да се регулира ако се почитуваат правилата на користење.
„Значи тоа е прва некоја рамка која нив им дава за слобода после тоа реактивно да делуваат цензурирачки, односно да ја елиминираат таа содржина која ќе се појави на нивните сервири. Секако постои условноречено, теоретски, техничка можност да се огранични објавување автоматски содржина според некои клучни зборови, но тоа е многу тешко за изведување.“
Во ваква ситуација се наметнува и прашањето дали одговорност може да сносат администраторите на групите бидејќи не ја модерираат истата и самите учествуваат во ширењето на говор на омраза.
Директорот на дирекцијата за заштита на лични податоци Димитар Георгиев вели дека ја следат ситуацијата и досега побарале да се избришат неколку групи, но се појавуваат и нови профили.
„Откривањето на адресите, откривањето на другите податоци поврзани со сопствениците или креаторите на таквите профили или мрежи, групи, е работа на која што се одговара позитивно кога има соодветно процесуирано барање од одредени авторитети како што се државните органи.“
Дел од групите кои повикуваа на нови тепаччки на Кале се избришани, но не и фотографиите на таканаречените фанови кои се сликани со оружје, или имаат постирано слики со националистички или фашистички симболи.
МВР апелира до сите посетители на социјалните мрежи да се воздржат од говор на омраза и да престанат со повикување на насилство, бидејќи ќе бидат преземени сите неопходни мерки за нивно идентификување и спречување во намерите.
Експертите сметаат дека МВР може само да собере информции за корисниците, но ни тоа не може многу да помогне во истрагата затоа што најчесто станува збор за лажни профили.
Како што е поговорката ,,пиштолот не убива луѓе, туку луѓе убиваат луѓе" Фејсбук е само алатка која ги организирала двете групи на пример за да се соберат на Кале, оттука натаму Фејсбук нема никаква улога.
Уредникот на порталот за информатичка технологија it.com.mk, Виктор Арсовски вели дека поединечно гонење на секој корисник не би било можно бидејќи се работи за илјадници луѓе.
„Како што е поговорката ’пиштолот не убива луѓе, туку луѓе убиваат луѓе‘, Фејсбук е само алатка која ги организирала двете групи на пример за да се соберат на Кале, оттука натаму Фејсбук нема никаква улога. Фејсбук може да биде алатка и за да се организираат собир на пријатели и тој настан да се претвори во нешто убаво, а може да биде и нешто насилно.“
Интеренет консултантот Дарко Булдиоски вели дека проблематичниот говор на социјалните мрежи може да се регулира ако се почитуваат правилата на користење.
„Значи тоа е прва некоја рамка која нив им дава за слобода после тоа реактивно да делуваат цензурирачки, односно да ја елиминираат таа содржина која ќе се појави на нивните сервири. Секако постои условно
Секако постои условно речено, теоретски, техничка можност да се огранични објавување автоматски содржина според некои клучни зборови, но тоа е многу тешко за изведување.