На скопско Кале денеска дошло до тепачка меѓу двете групи кои протестираа за и против изградбата на музејот- црква на тврдината. Демонстрантите фрлале со камења едни кон други. Како што јави нашиот дописник од Скопје, при инцидентот имало неколку повредени, меѓу кои и едно дете. Полицијата привела некои од демонстрантите. Протестите во Кале се организирани од неформални групи на Фејсбук и од албанската организација Разбуди се. Стотина луѓе пред некој ден урнаа дел од музејот- црква, откако повторно беше започната неговата изградба.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5