Македонија вчера доби укор и од евро-пратениците во Брисел, докажани пријатели на земјата. Во расправата за еден од најкритичките извештаи за напредокот на Македонија кон ЕУ, за прв пат беше посочена ВМРО-ДПМНЕ како фактор кој создава ѕид кон соседите и измислува непријатели. Наместо поука, премиерот Груевски со нова дисквалификација, - Зоран Талер ја критикувал Македонија бидејки бил левичар.
Серијата остри критики за властите во Македонија кои дојдоа од европратениците, треба да се сфатат сериозно, а премиерот треба да престане со политичка дискфалификација на неистомислениците, порачуваат експертите.
Вчера од Брисел потпретседателот на делегацијата на Европскиот Парламент за југоситочна Европа, Јелко Кацин, порачаВМРО-ДПМНЕ конечно да се разбуди, да ги запре нападите врз сите и да престане да измислува непријатели. Кацин исто така изјави дека македонските политичари треба да се запрашаат зошто веќе шест години минуваат без датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
И известувачот за Македонија, Зоран Талер, во нацрт-извештајот за состојбата во земјата даде остри критики за непочитување на слободата на медиумите, независноста на судството и на политичкиот дијалог, со тоа документот на Талер стана еден од најкритичките што некогаш Брисел ги испорачал до Македонија.
На пораките од Брисел Премиерот Никола Груевски рече дека Талер и припаѓа на левата опција што често пати знае да има свое влијание врз одредени изјави или извештаи.
Професор Стево Пендаровски вели дека домашните фактори кои се мониторирани од надворешните, многу ретко чесно признаваат дека погрешиле.
„Бидејќи тоа во основа ако се работи за ваков тип на генерални критики, не само за еден единечен случај или една изјава, тоа понатаму носи проблеми на внатрешно политички план, вие ќе треба пред електоратот да објасните зошто толку многу критики во еден подолг временски период од толку различни места и кога ќе почнете да објаснувате пред вашиот електорат во делот на тие критики, тоа може да ви донесе проблеми со критиките кои и политичката опозиција во вашата држава ги испоставува, а се многу слични или идентични со овие што доаѓаат од надвор.“
Аналитичарот Махи Несими вели дека властите во земјата не знааат да одговорат поинаку на критики од надвор освен да го дискредитираат изворот.
„Апсолутно се неоправдани такви одговори бидејќи тие се европратеници без оглед на која политичка групација и припаѓаат, тие споделуваат мислења на Европската унија.“
Аналитичарите сметаат дека власта одговара на ваков начин на критиките затоа што нема други аргументи да се оправда кај домашната јавност, која треба во некое догледно време да ги гласа на избори.
Вчера од Брисел потпретседателот на делегацијата на Европскиот Парламент за југоситочна Европа, Јелко Кацин, порача
Во основа ако се работи за ваков тип на генерални критики, не само за еден единечен случај или една изјава, тоа понатаму носи проблеми на внатрешно политички план, вие ќе треба пред електоратот да објасните зошто толку многу критики во еден подолг временски период.
И известувачот за Македонија, Зоран Талер, во нацрт-извештајот за состојбата во земјата даде остри критики за непочитување на слободата на медиумите, независноста на судството и на политичкиот дијалог, со тоа документот на Талер стана еден од најкритичките што некогаш Брисел ги испорачал до Македонија.
На пораките од Брисел Премиерот Никола Груевски рече дека Талер и припаѓа на левата опција што често пати знае да има свое влијание врз одредени изјави или извештаи.
Професор Стево Пендаровски вели дека домашните фактори кои се мониторирани од надворешните, многу ретко чесно признаваат дека погрешиле.
Апсолутно се неоправдани такви одговори бидејќи тие се европратеници без оглед на која политичка групација и припаѓаат, тие споделуваат мислења на Европската унија.