Стентови во Битола?

Битолската болница за првпат во своето постоење ќе добие ангиограф, со што ќе се создадат услови за интервентна кардиолгија.
Апаратот ќе биде снабден како дел од прокетот на Владата за набавка на нова медицинска опрема во здравствените установи низ државата. Со ова до некаде ќе се надмине и горливиот проблем на овој регион поради недостигот на служба за стентирање иако градот по срцеви болни е на второ место во државата по Скопје. Поради ова пацинетите со срцеви удари во најкритичните моменти од животот мораат да се транспортираат во Скопје и Охрид.

,,Битола во новиот концепт за организација на здравството е една од поголемите регионални болници и субрегионална бидејќи со поделбата на четири нивоа е и клиничка болница на второ ниво. Па оваа болница добива и ангиограф во оваа постапка на опремување со што се создаваат и предуслови за инвазивна кардиологија. Ние ќе ја дадеме целата подршка на овие три болници Битола, Штип и Тетово за да може на второ ниво да се организира здравствениот систем"

изјави министерот за здравство Бујар Османи.

Опремата која ќе ја добие битолската клиничка болница чини на 10 милиони евра. Сепак, мегу многубројните апарати, нема коронарограф за комплетирање на службата за интервентна кариологија. Од клиничката болница ветуваат дека ќе се обидат да го набават.

,,Јас ќе го сметам за мој личен неуспех ако во мојот мандат не се инсталира опрема за интервентна кардиологија, односно коронарограф и ангиограф. Оставен е простор колку што бара поставување на една ваква опрема. Се лобира за да стигни и коронарограф во Битола, во корист на пацинетите и на младите животи"

изјави Михајло Џолонга, директор на битолската болница.

Според податоците на Центарот за јавно здравје пред една година во Битола болнички биле лекувани над 16.000 лица со кардиоваскуларни заболувања. Со ова болестите на циркулаторниот систем се на второ место по зачестеност во Битола веднаш по оние на респираторните органи. Загрижувачки е тоа што во 2009 година акутен миокарден инфаркт бил евидентиран во 160 случаи за што може да се каже дека речиси секој втор ден имало по еден срцев удар во градот. Дури 30 проценти или околу 5.000 битолчани со срцеви проблеми биле на возраст од 25 до 44 години. Половината од нив имале од 25 до 35 години.