СДСМ го напушта Собранието

Бранко Црвенковски

СДСМ од денеска го напушта Собранието и нема да учествува во неговата работа, изјави претседателот на партијата Бранко Црвенковски. ,,Ние од СДСМ немаме повеќе намера да даваме легитимитет на оваа недемократска и ненародна власт. Од денеска СДСМ нема да учествува во работата на Собранието на Република Македонија, рече Црвенковски на денешната прес конференција. СДСМ, како што посочи, оди од другата страна, со народот и меѓу народот, бидејќи според него, во државата владее „недемократски, авторитарен и ненароден режим“.