Годинава поголем економски раст?

Бизнисмените и експертите со поделени ставови за проекциите на ММФ и ЕБРД за раст на македонската економија од три отсто.
Меѓународниот монетарен фонд и Европската банка за обнова и развој очекуваат годинава Македонија да оствари поголем еконосмки раст од претходно предвидениот. ММФ смета дека земјава ќе оставри раст од три отсто, а Европската банка со последниот извештај ја ревидира стапката на раст на Бруто домашниот производ од 2,3 на 3,2 проценти. Новите проекции се објаснети со растот на глобалната побарувачка и цените на металите на светските берзи, како и одобренета кредитна линија на ММФ од 480
Јас мислам дека македонската економија во овој момент заздравува. Парите коишто ги има ЕБРД и недоволната искористеност од претходната транша на 100 милиони и уште една толкава транша којашто се подготвува, ќе даде една живост во малите претпријатија.
милиони евра. Бизнисмените се поделени во ставовите околу новите проекции за македонската економија. Од металуршката индустрија велат дека на почетокот на годинава се забележува пораст на производството во однос на минатата година што е изненадувачки по изминатиот тежок економски период.
Директорот на „Макстил“ Александар Панов вели дека сака да биде оптимист за проценките на меѓународните финансиски институции, но смета дека мора да се биде претпазлив по сите економски случувања.

„Значи конјуктура има, побарувачка има, производството е зголемено, но маргината меѓу ценатата на влезните ресурси и цената на излезниот производ е во така мала што се уште не може да се направат некои поголеми ефекти за да се каже дека веќе влегуваме во еден сериозен, стабилен период и да ги планираме наредните
Во просек гледано мислам дека непостојат внатрешни услови за остварување на стапка на раст од 3% и имам впечаток дека голем дел од можната акумулација за вложување е испумпана од
буџетот.
наши стратешки чекори. Во таква поизиција се уште не сме.“

За разлика од него, бизнисменот Зоре Темелковски, пак, смета дека постои реална можност македонската економија во 2011 година да оствари раст од 5 проценти.

„Јас мислам дека македонската економија во овој момент заздравува. Парите кои што ги има ЕБРД и недоволната искористеност од претходната транша на 100 милиони и уште една толкава транша која што се подготвува, ќе даде една живост во малите претпријатија, а тоа е доволно за економијата да заживее бидејќи големите фирми веќе немаат ниту сила, ниту капацитет.“

Логото на Светска банка

Дел од експертите не се согласуваат со проценките на меѓународните финансиски институции. Професорот Тихомир Јовановски вели дека доколку се следи досегашниот развој на земјава, таков економски раст е тешко остварлив.

„Катастрофа е економски, без оглед кој е на власт, затоа што имало циклични движења во рамки на едно владеење на партија или коалиција, другиот пат друго владеење, меѓутоа во просек гледано мислам дека не постојат внатрешни услови за остварување на стапка на раст од 3 отсто и имам впечаток дека голем дел од можната акумулација за вложување е испумпана од буџетот.“

Според извешатајот на Европската Банка за обнова и развој, Македонија е во групата земји во Југоисточна Европа кои ќе остварат најголем раст годинава.