Каде е вината за високата невработеност, во владата или менталитетот на македонскиот народ? Според економистите и двете причини имаат влијание.
Ерменија, Ел Салвадор, Доминиканската Република, Ирак, Монголија, Косово и Македонија. Земјава, во поглед на стапката на невработеност, според извештајот на „Галуп“ се најде рамо до рамо со една новоформирана држава, една пост-конфликтна држава и уште неколку земји од третиот свет. Останатите балкански држави дури и по светските економски потреси, судејки по повеќе извештаи, поуспешно се справиле со овој неповолен општествен феномен.
Кога станува збор за невработеноста, сите посочуваат кон владата. Во услови на пазарна економија, државата е должна да создава услови за развој на приватниот сектор, кој по дефиниција би требало да биде најголемиот работодавач. Доколку тоа се случува, проблемот со невработеноста може да се реши преку ноќ, вели претседателот на Организацијата на Работодавачи на Македонија Димитар Стојановски:
„Домашните инвеститори или домашните компании 99,9 отсто го полнат буџетот на државата како даночни обврзници, и замислете големиот број на компании доколку би имале поволни услови, можности, коишто како амбиент од страна на владата треба да се овозможат, вработувањето може буквално преку ноќ да биде зголемено, односно невработеноста да биде намалена.“
Но, дали се` се сведува на (не)инволвираноста на државните органи? Ова прашање е посебно соодветно ако се има предвид дека од својатанезависност, во земјава расте бројот на луѓе кои седат дома без работа. Има проблеми и во менталитетот, вели професорот Ѓорги Тоновски:
„Менталитетот во однос на невработеноста можеби може да го анализираме повеќе од аспект на младата популација бидејќи некако е наметнат или присутен еден став дека е срамота да се работи за 200 евра, подобро би седел дома отколку да работам за 200 евра.“
Токму ваквиот однос на младите е еден од најсериозните социјални проблеми со кои се соочува земјава, смета Тоновски и дополнува:
„Меѓутоа во секој случај невработеноста е пред се нешто што е егзистенцијално, што не е врзано со тоа дали сакам или не сакам.“
На што се надева Владата? Во буџетот за годинава е наведена проекцијата за намалување на стапката на невработеност на 30 или 31 процент. Како ќе се оствари тоа останува отворено прашање.
Вчера на девизната сметка на Македонија легнаа парите од Меѓународниот монетарен фонд. Имајќи предвид дека овие средства се еден вид на осигурување и ќе се користат само во кризни ситуации, мала е веројатноста дека од овие пари ќе се инвестира кон развојни цели како намалување на невработеноста.
Домашните инвеститори или домашните компании 99,9 отсто го полнат буџетот на државата како даночни обврзници, и замислете големиот број на компании доколку би имале поволни услови, можности, коишто како амбиент од страна на владата треба да се овозможат, вработувањето може буквално преку ноќ да биде зголемено.
Кога станува збор за невработеноста, сите посочуваат кон владата. Во услови на пазарна економија, државата е должна да создава услови за развој на приватниот сектор, кој по дефиниција би требало да биде најголемиот работодавач. Доколку тоа се случува, проблемот со невработеноста може да се реши преку ноќ, вели претседателот на Организацијата на Работодавачи на Македонија Димитар Стојановски:
„Домашните инвеститори или домашните компании 99,9 отсто го полнат буџетот на државата како даночни обврзници, и замислете големиот број на компании доколку би имале поволни услови, можности, коишто како амбиент од страна на владата треба да се овозможат, вработувањето може буквално преку ноќ да биде зголемено, односно невработеноста да биде намалена.“
Но, дали се` се сведува на (не)инволвираноста на државните органи? Ова прашање е посебно соодветно ако се има предвид дека од својата
Менталитетот во однос на невработеноста можеби може да го анализираме повеќе од аспект на младата популација бидејќи некако е наметнат или присутен еден став дека е срамота да се работи за 200 евра, подобро би седел дома отколку да работам за
200 евра.