Тутунарите, македонските амбасадори и медиумите - теми во неделниците.
Разбирливо, почитувани, темата за тутунот, поради актуелноста, и ние ја избираме од неделниците. За тутунарските дилеми пишува Фокус во најновиот број, поставувајќи го како наслов прашањето: „Ако Владата не може да помогне кога тутунарството колабира, како лани била заслужна тоа да цвета?“. Неверојатно но вистинито, продолжува неделникот: „Некои тутунари би сакале да се врати 1997 година, оти тогаш со еден тон тутун купувале дури седум тони нафта, додека сега со парите од 1000 килограми жолто злато можат да си дозволат само само два тона гориво. Затоа, кога Владата како успех си ги припишуваше високите цени на тутунот, тогаш мораше да има на ум дека од неа ќе се бара решение и тогаш кога цените ќе колабираат. Тоа се маките на популистичката политика!“, констатира Фокус.
Форум - Параспур дипломатија
На „Параспур дипломатијата“ и' е посветен уводникот на Форум. Македонската влада е виновна, но не поради наводна неконструктивност во преговорите со Грција, туку затоа што несоодветно му се спротивставува на грчкиот ултра-национализам на дипломатско ниво, пишува неделникот и заклучува дека за таква некадарност и дилетантизам нема никакво оправдување и дека македонските позиции во светот мора да се засилат. Текстот со наслов „Анахрона практика“ се надоврзува на уводникот, при што авторот пишува дека именувањето партиски кадри за амбасадори во други земји не е тренд во модерните демократии, каде што постои целосна професионализација на дипломатијата. Македонија живее во други времиња, па испраќа партиски кадри во странски мисии, наведува Форум, во најновиот број, потсетувајќи на најновите примери на испраќање анонимуси во Турција и во Албанија, но затоа, верни партиски војници на владејачката партија.
Глобус - Морален банкрот на општеството
„Морален банкрот на општеството“, е насловот на темата поврзана со аферата Велија Рамковски во Глобус. Неделникот и' испраќа порака на опозицијата дека конечно, треба да се определи дали е за санирање на сеопштата девастија на медиумите, за регулирање на односите на медиумскиот пазар, дали е за тоа да му се даде шанса на нашето новинарство да се спаси од финансискиот, но и морален банкрот, а на новинарите да им се врати човечкото достоинство. Или ќе ја поддржува состојбата статус кво, бранејќи ги интересите и незаконското работење на најмоќниот медиумски тајкун во државата. Затоа што силна групација на медиуми под еден покрив е ризична солуција за македонски услови. Тоа значи концентрација на голема моќ која има реални шанси да се инструментализира, потсетува Глобус.