Најголем гео-политички ризик во светот, оваа година, е свет без дефинирана супер сила, оценува институтот Евроазија.
„Џи – Нула“ или свет без јасно дефинирана супер сила, е најголемиот гео-полиички ризик во оваа година. Такво е предвидувањето на политичко-косултантската институција Евроазија, со седиште во Њујорк. Според нивното истражување, можна е нова економска криза во Европа, продолжување на провокациите од Северна Кореја, а Иран ќе учествува во преговорите за неговата нуклеарна програма, но проблемот нема да биде надминат.
Нов светски поредок
Првиот човек на Евроазија, Јан Брамер, наведува дека во светот денес се случува нов светски поредок во динамична смисла и поинаков од она што се случуваше по Втората светска војна. Распаѓањето на Советскиот Сојуз доведе до формирање на Ге 7 плус 1, што претставува глобализација, се вложуваше во некои нови држави, а Европа зајакна. Со терминот „Џи Нула” всушност се означува дека светот моментално се соочува со отсуство на ефикасно меѓународно раководство. Брамер оценува дека тоа е основната причина за растот на вредноста на златото како и за тоа што корпорациите оставаат големи суми пари настрана, бидејки не знаат во кој правец ќе оди новиот светски поредок.
Русија не е ризична земја
Според анализата на Евроазија, Русија и другите големи земји веќе не се ризични.
„Често ме прашуваат дали на наредните избори Путин повторно ќе биде избран за претседател? Дали Медведев ќе ја задржи функцијата? Мојот одговор е дека тоа не е битно. Русија, барем во блиска иднина, ќе биде стабилна. Путин и Медведев добро функционираат, а така и ќе продолжи.“
Јан Брамер додава дека не само Русија, туку и Бразил, Индија и Кина веќе не се ризични земји. Единствен ризик за Кина е нејзиниот пребрз економски раст во однос на остатокот од светот. Брамер смета дека релативниот пад на моќта на Соединетите Држави и на Европа, значи дека Русија доминира во евро-азискиот регион, а веќе не мора и да се грижи за проширувањето на НАТО ниту пак за анти-ракетниот штит. Американците се вртат на друга страна, а Европа нема да се меша во руските прашања, бидејки моментално има свои големи проблеми.
Пакистан меѓу најпроблематичните
Во анлизата на Евроазија, мегу најризичните земји е Пакистан.
„Соединетите Држави постигнаа напредок во Авганистан, меѓутоа тоа не ќе беше можно без подршката од Пакистан. Но, може да се случи Пакистан да стане нестабилен и анархичен. Има ризици за пакистанската економија, за стабилноста на неговите граници, пораст на екстремизмот.“
Интересно е што Иран не е вброен во гео-политичките ризици во оваа година. Брамер објаснува:
“Сметаме дека Иран сигурно ќе продолжи со дипломатијата околу нуклеарната програма, но не очекуваме скорешно решение. Соединетите Држави ќе продолжат со санкциите, на кои им се приклучуваат и други земји.“
Брамер го цитира и ставот на Израелците дека има уште неколку години за да бидат спречени Иранците да конструираат атомска бомба. Сајбер нападите врз Иран покажуваат дека постојат и други решенија кои не значат кревање во воздух на иранските нуклеарни постројки. Иранскиот режим е нестабилен, но во блиска иднина нема да се распадне, главно поради моментално високите цени на енергенсите, се вели во анализата на институтот Евроазија, со седиште во Њујорк.