Политички убиства во САД

Обид за убиство на американскиот претставник Габриел Гифордс од Аризона ги шокираше Американците - Неколку минути по разговорот со локалните жители, пред еден супермаркет Тусон, како дел од новата демократска иницијатива наречена "Конгресот на вашиот катче", таа беше застрелана во главата. Шест други лица, вклучувајќи и еден федерален судија и 9-годишно девојче, беа убиени. 22 годишниот Џаред Ли Лофнер, се соочува со пет кривични пријави во случајот.

Последен член на Конгресот на САД беше убиен пред повеќе од 30 години. - Во 1978 конгресменот Лео Рајан, демократ од Калифорнија. Тој беше на пат во Гвајана, држава во северниот дел на Латинска Америка за да издејствува враќање на негови сограѓани кои беа во една верска секта. Откако успеа да издвејствува враќање на дел од нив, тој и ослободените беа дочекани во заседа во која беа убиени. Подоцна повеќе од 900 членови на сектата извршија масовно убиство во настанат познат како Масакрот во Џонстаун.

Сенаторот Хју Лонг од Луизијана кој исто така имаше претседателски амбиции беше убиен во 1935 година - Лонг кој беше инспирација за книгата ,,Сите луѓе на кралот,, на Роберт Пен Ворен беше убиен од негов роднина, инаку политички опонент.

Пред атентатот врз претседателот Џон Кенеди кој беше убиен во Далас, Тексас во ноември 1963 година. - Смртта на Џон Кенеди ги погоди американците. Луѓето плачеа на улица, училиштата беа затворени, а комеморативни собири беа одржани во многу градови.

Претседателот Абрахам Линколн беше застрелан во главата на 14 април 1865, во театар во Вашингтон. - Неговиот убиец, Џон Вилкс Бут, беше актер и симпатизер на Конфедерацијата. Бут успеа да избега од театарот, но бил пронајден во Вирџинија каде што го убија војници на Унијата.

Претседателот на САД Џејмс Гарфилд беше застрелан во Вашингтон, на 2 јули 1881 година. - Убиецот на Гарфилд, Чарлс Гуито бил налутен поради неговиот неуспех да добие феделана функција.

Американскиот претседател Вилијам Мекинли бил застрелан во Бафало, Њу Јорк, на 5 септември, 1901 година

Од атентатот врз претседателот Роналд Реган во 1981

Во 1950 година, двајца порторикански националисти се обидоа да го убијат претседателот Хари Труман.

Во 1975 година, претседателот Џералд Форд два пати во еден месец избегна атентат