Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро го осуди нападот во кој беше застрелана американската конгресменка Габриел Гифордс. Таа беше повредена на јавен собир пред супермаркет во Аризона, при што животот го загубија 6 луѓе, а 12 се повредени.
Кастро инцидентот го опиша како крволочен и додаде дека и покрај неговите несогласувања со администрацијата на Обама ниту едно дете, судија, законодавец или граѓани на САД не треба да загине на апсурден и неоправдан начин. Меѓу жртвите е и едно деветгодишно девојче и федерален судија. Полицијата го уапси осомничениот и трага по друг маж за кој се сомнева дека е поврзан со случајот.