Обновување на манастирот Св. Ѓорѓи

Десет години откако беше запален во воениот конфликт во 2001 година, почнува обновата на манастирот Свети Ѓорѓи во Мала Речица.
Духовното светилиште манастирскиот комплекс Свети Ѓорѓи во Тетовска Мала Речица го враќа поранешниот сјај.
По десет години во оваа црква повторно ќе може да се продолжи традицијата што таму била востановена-да се пали бадникарски оган околу кој верниците се собираат на чаша топла ракија.
Ваквиот начин на одбележување ќе биде овозможен зошто по една деценија почнува
Есенва ја отпочнавме обновата на црквата, сега се прави проектот и на останатиот дел, имаше кујна, соби, одлучивме сите тие работи да ги направиме и да ги обновиме и дотераме целиот комплекс и ова место да заличи како што и беше, едно убаво место за сите граѓани на Тетово
обновата на црквата што беше запалена и изгорена во 2001 година. Според Никола Јовановски претседател на иницијативниот одбор за обнова на манастирот Свети Ѓорѓи, храмот треба да биде изграден годинава, така што ќе може да продолжи негувањето на традициите.

,,Есенва ја отпочнавме обновата на црквата, сега се прави проектот и на останатиот дел, имаше кујна, соби, одлучивме сите тие работи да ги направиме и да ги обновиме и дотераме целиот комплекс и ова место да заличи како што и беше, едно убаво место за сите граѓани на Тетово."

Токму во овој храм за првпат започнал да се прославува Бадник, вели Јовановски.

,,Кога дојде попот од Печката патријаршија, покојниот отец Пантелеј тој многу допринесе да се доизгради манастирскиот комплекс."
Сите жители од тетовска Мала Речица се од муслиманска вероисповед, но тие даваат поддршка црквата да се реконструира, посочува Јовановски.

Македонија е земја богата со манастири - Трескавец


,,При влезот овдека, живеат двајца браќа по завршувањето на градбата, тој сака да го малтерисува, ќе ни даде вода, струја, и ќе ни даде подрумска просторија."

Инаку поттикот за почнување на изградба на црквата дошол од верничка која на пријателките од црковниот хор им рекла дека Светецот во сон и порачал дека храмот веќе треба да се обнови. Менка Наумовска, која членува во хорот, сведочи за искуството, кога на почетокот дошле во Мала Речица со идејата да се возобнови храмот.

,,Ние дојдовме тука, беше 2001 година, бевме околу пет жени и направивме молитва и многу убаво не прими и месното население."

Првите пишани записи за црвквата датираат од 1930 година.