******************************
„Сега е јасно дека земјотресот имаше катастрофални последици во главниот град Порт о Пренс. Другите делови на Хаити не се зафатени“, изјави генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун по земјотерсот што во јануари го разурна Порто Пренс.
Во јануари се одржаа и претседателски избори во Украина:
„Сакам да им се обратам на оние што гласаа против мене и ја поддржаа сегашната влада. Нема да ги повторам грешките на моите претходници“, порача сегашниот претседател Виктор Јанукович.
*****************************
„Почнавме денеска. Напишавме писмо до Меѓународната агенција за атомска енергија дека ќе збогатуваме ураниум за мирољубиви цели“, изјави во февруари шефот на иранската атомска организација Али Акбар Салехи.
Светот и натаму не му верува.
*****************************
„Тука сум пред вас не да се бранам сам, туку да ја бранам големина на еден малуброен народ во Босна и Херцеговина кој трпи 500 години и покажува висок степен на издржливост да опстане“, изјави во почетокот на март поранешниот лидер на босанските срби Радован Караџиќ на неговото судење во Хашкиот трибунал за воени злосторства.
Во март, Грција се соочи со должничка криза која го доведе во прашање и опстанокот на земјата. Премиерот Јоргос Папандреу во парламентот рече:
„Денеска мора да донесеме тешки одлуки кои во некои случаи се и неправедни. Ова не е избор, туку потреба. Мора сами да направиме ред во куќата и да не ги кривиме другите во Европа за нашите долгови.“
******************************
„Денеска е важна пресвртница за нуклеарната безбедност и разоружувањето, како и за американско руските односи. Со тоа се исполнува нашата заедничка цел во преговорите за Новиот договор за намалување на стратегиското оружје“,изјави американскиот претседател Барак Обама во април во Прага по потпишувањето на СТАРТ со рускиот претседател Дмитриј Медведев.
Истиот месец светот разбра и за големата нафтена дамка во Мексиканскиот Залив по експлозијата на платформата на Бритиш петролеум
„И додека одговорноста за ова е на Бритиш петролеум, админстарцијата ќе продолжи да работи за изнаоѓање начини за справување со проблемот“, рече портпаролот на Белата Куќа Роберт Гибс.
********************************
„Двете наши партии целосно го поддржаа нашиот коалиционен договор за либерално демократско конзервативна влада за која преговараме. Ова е прва коалициска влада во Британија во изминативе 65 години“, изјави британскиот премиер
Дејвид Камерон отако претходно победи на парламентарните избори.
********************************
Во јуни и јули во Јужна Африка се одржа Светското фудбалско првенство.
„Многу сме среќни што победивме. Играчите играа навистина добро. Беше фантастично. Да живее Шпанија!“, изјави еден навивач на шпанската репрезентација која стана Светски првак на финалето во јули во Кејптаун во натпреварот со Холандија.
Кон крајот на јуни Меѓураодниот суд на правадата донесе одлука за декларацијата за независност на Косово:
„Судот смета дека општото меѓународно право не содржи соодветна забрана на декларацијата за независност. Според тоа, со декларацијата не се нарушува меѓународното право“, рече претседателот на Судот Хисаши Овада.
**************************
„Ова се најтешките поплави во Пакистан во изминативе децении. Светската здравствена организација е загрижена за животите на стотици илјади луѓе“, предупреди портпаролот на Организацијата Фадела Чаиб за катастрофата во Пакистан.
„Рударите покажаа, исто како и жртвите и оние што работеа на реконстукција по земјотерсот дека Чиле кога е обединет е подготвен на големи работи. Душата на нашата земја сјае најдобро во тешки времиња“, изјави чилеанскиот претседател Себастијан Пинеира по спасувањето на рударите кои долго време беа затрупани во еден рудник.
*******************************
„Стотици изјави или состаноци не вредат. Мислам дека армијата има обврска да одговори со акција. Не можеме да толерираме напади врз цивили“, рече јужнокоресјкиот претседател Ли Мјунг Бак на состанокот на кризниот штаб откако Северна Кореја гранатираше едно село во Јужна Кореја.
*******************************
„Генералниот тренд на одговорноста на американската армија загрижува. Но, за среќа се уште има добри луѓе во американската влада кои гледаат дека работите не одат како што треба“, изјави Џулијан Асанж, основачот Викиликс, интеренет страницата која почна да објавува тајни американски документи.
*******************************
„Жалиме што лауреатот не е приустен. Тој е во изолација во североистона Кина. Самиот тој факт покажува дека наградата е во вистински раце. Му честитаме на Лиу Ксиаобо“, изјави претседателот на Норвешкиот Нобелов Комитет Тхорбјорн Јагланд на церемонијата на доделувањето на нагрдата за мир.
Во декември почина американскиот дипломат Ричард Холбрук.
„Ричард Холбрук беше џин меѓу дипломатите на нашето време. Навистина беше еден од најдобрите и најсјајните. Тој беше важен пријател на Европа. Мислам дека светот ќе биде помал без него“, рече шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд.
********************************
Ете, почитувани, во овој последен ден од годинава, се обидовме да ги доловиме најважните настани во 2010 година.
Без илузии дека станува збор за најдобар преглед на годината што изминува, во новата барем да влеземе со илузии дека таа барем за малку ќе биде посреќна и подобра.
Македонската редакција на Радио Слободна Европа тоа ви го пожелува од се срце.