Ниту едно место во светот не ја илустрира подобро идејата за напредокот на светот, од музејот Уфизи во Фиренца.
Таму, во епицентарот на ренесансата, можете да бидете сведок на зазорувањето на сфаќањето дека реалната визија на светот секогаш ја победува политичката визија на тој свет.
Уметноста била добра и пред ренесансата, но од тогаш таа повеќе личи на животот, и тоа на оној вистинскиот, а не на оној што го создала традицијата или верата.
Перспективата за реалниот свет во уметноста дојде во исто време и во науката, економијата и политиката.
Поединци ги предизвикаа догмите за она како светот би требало да изгледа. Со тоа се отворија вратите за нови достигнувања: од невидени мехники до машини за печатење, од шокирачкиот прагматизам на Николо Макијавели до навигациските авантури на Кристофер Колумбо.
Глупите одговори за светот веќе не беа прифатливи. Луѓето почнаа да ги предизвикуваат властите со експериметирање, прашување, размислување, истражување.
Секако дека на овој долг пат имаше многу страшни поглавија: војни, глад, погрешни идеологии и апсурдни култови на личноста. Сепак светот напредуваше. Се уште вие не би се менувале со некој кој живеел пред Ренесансата.
Резултатот беше, подобар свет. Половина милениум по Ренесансата, луѓето живеат подолго и поинтересно, а индивидуалните слободи пораснаа.
Секако дека на овој долг пат имаше многу страшни поглавија: војни, глад, погрешни идеологии и апсурдни култови на личноста. Сепак светот напредуваше. Се уште вие не би се менувале со некој кој живеел пред Ренесансата, или пак декада пред оваа. Можеби не ни лани.
Убавината на научната ера во која живееме е тоа што имаме реална информација и тоа да го потврдиме. Фридом хаус, со децении ја мери слободата во светот. Во изминативе 37 години нивото на слободни и делумно слободни земји од 54 насто се покачи на 76 проценти.
Некогаш има и враќање назад, но трендот е повеќе од јасен. Според некои експерти, економската слобода и технолошкиот напредок го направи светот подобар во секој поглед.
Редефинирана е улогата на жените и децата, реструктуирани се работните места, поткопани се старите поделби на касти и класи, се прошири средната класа и се развија нови институции и организации.
Проблемите со животната средина и социјалните тензии не се мали, но, се на се, ние живееме подолго. Она што ни е заедничко е дека ние сакаме секоја нова година светот да биде подобар.
Желбата за подобрување, утре да биде подобро од денес со цел нашите деца да имаат добра позиција, е заедничка за целото човештво.
Но, доброто никогаш не е доволно добро. Најдоброто и покрај тоа што е важна аспирација, е на хоризонтот кој секогаш се оддалечува. Никогаш не сме му доволно блиску.
Сепак пробуваме и тоа го прави нашиот свет подобар. Сите ние сакаме подобар свет. Тоа не е само новогодишна желба. Според објективните мерки, ние тоа и го постигнуваме.