Меѓу желбите и можностите

Скопје, лани и оваа година

Поголемиот дел од македонските граѓани велат дека поради беспарицата ќе останат дома. По улиците веќе и уличните продавачи на новогодишни „дребулии“ се реткост.
Новогодишните празници, поголемиот дел од македонските граѓани поради лошата финансиска ситуација ќе ги поминат дома. Дека тие гледаат да го заштедат секој денар говори и фактот дека уличните продавачи кои традиционално секоја година продаваат честитки, балони и други реквизити се вистинска реткост. Оние што сепак се решиле на ваков начин да заработат некој денар велат дека прометот е слаб, а и на свој грб ја имаат и полицијата.
Многу тешко да ви кажам право. Не ме прашувајте за финансиите, останат сум само со мојата плата, жената е технолошки вишок, ќерката не е вработена, така што Нова година ќе ја поминеме во домашна атмосфера.
Граѓаните кои ги анкетиравме за Хајд паркот на нашата интернет страна велат дека не прават планови за празниците, бидејќи одвај преживуваат, а некои велат дека желбите ги проектираат според можностите.


„Многу тешко да ви кажам право. Не ме прашувајте за финансиите, останат сум само со мојата плата, жената е технолошки вишок, ќерката не е вработена, така што Нова година ќе ја поминеме во домашна атмосфера.“

„Јас сум земјоделец, субвенциите што требаше да ги добиеме заслужени од минатата година и нив не ги имаме добиени. Плата никаква, јаболката дома стојат.. Каде ќе одиш?“

„Ќе ги димензионирам сопствените желби спрема она што можам да си го дозволам, ако не можам да си го дозволам тогаш димензионирам работа или приходи за да можам да си го дозволам, така што тоа е мојата приказна, ама не го прават сите тоа.“
Нон стоп не бркаат. Еве само што ни одзедоа роба од 18 илјади денари, не не оставаат, а не даваат ниту тезга да се постави за да се продава како што треба, а без честитка или балон не личи Нова година

Една продавачка на новогодишни честитки вели дека години наназад бизнисот им оди на се полошо и оти проблем им претставува и интернетот, преку кој граѓаните праќаат честитки бесплатно.

Се поретко продавачи на новогодишни „дребулии“

„Многу слабо оваа година. Од пред да речеме три-четири години е се вака слабо. Сега имаат интернет и се послабо и послабо е.“

Таа се жали и на полицијата која постојано им пишува казни, а не им ни дозволува да постават вистински тезги.

„Нон стоп не бркаат. Еве само што ни одзедоа роба од 18 илјади денари, не не оставаат, а не даваат ниту тезга да се постави за да се продава како што треба, а без честитка или балон не личи Нова година.“

Низ центарот на Скопје сега засега можат да се забележат само импровизирани дрвени куќички, кои ја подгреваат новогодишната атмосфера со храна и пијалоци.

Македонците за Нова Година и Божиќ. Меѓу желбите и можностите. Коментирајте.



Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Каде за Нова Година?