Неконкурентни производи и намалување на вработувањата во приватниот сектор - последици од одлукатa да нема намалување на придонесите.
Придонесите нема да се намалат догодина како што тоа беше најавувано. Во понеделникот во Собранието пројде предлог - законот согласно кој придонесите наместо догодина, постепено ќе се намалуваат до 2013 година. Од бизнис заедницата не се задоволни од ваквата одлука. Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори вели дека измените во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување не биле прифатени со симпатии.
,,Ние очекувавме дека ќе се намалат придонесите, затоа што неопходно ни е да е намалат трошоците на производство и да станеме поконкуренти. Процесот на намалување на придонесите треба да биде перманентен во наредните неколку години и наше мислење е дека вкупно придонесите заедно со персоналниот данок треба да паднат подолу од 25% на бруто платата."
Дали со оваа одлука ќе се загрози само конкуретноста на производството, или ќе има и репрекусии врз вработувањата во приватниот сектор. Чекреџи со поопшт одговор:
,,Во секој случај не е добро, значи ние очекувавме дека ќе се намалат придонесите и планиравме наредната година, меѓутоа веројатно испровоцирани со состојбата во Пензискиот фонд и Фондот за здравство, Владата беше приморена да ја донесе ваквата одлука, но за нас, за малите и средните претпријатија, тоа не е добро."
Ваквата одлука не влијае само на вработувањата во фирмите, туку и на привремените вработувања. Раде Ненадиќ, директор на Агенција за привремени вработувања, вели дека со оваа одлука може да се намали бројот на ангажирани привремени работници:
,,Јас мислам дека тоа ќе предизвика обратен ефект, дека од привремени вработувања повторно ќе се ангажираат луѓе на црно. Тоа што не ги намалуваат придонесите и тоа што тие ќе се плаќаат на некоја фиктивна основа, наместо на она што реално ги исплаќаат луѓето."
Инаку предлагачот на измените на Законот за придонеси ја правдаше одлуката за одложување на намалувањето на овие расходи со обезбедување стабилен приход на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Фондот на здравственото осигурување и Агенцијата за вработување.
Ние очекувавме дека ќе се намалат придонесите, затоа што неопходно ни е да е намалат трошоците на производство и да станеме поконкуренти. Процесот на намалување на придонесите треба да биде перманентен во наредните неколку години и наше мислење е дека вкупно придонесите заедно со персоналниот данок треба да паднат подолу од 25% на бруто платата