Глобална економија: 2010, сепак добра!

Долар и Евро

Соединетите Држави, еврозоната и растечките економии се движат во различни насоки, и секоја си го има својот ризик, пишува Економист. Се наведува дека 2010 глобално беше сепак добра година, а нема причини трендот да не продолжи и во 2011.
2010 година на крајот се покажа како изненадувачки добра за светската економија.
Глобалниот раст веројатно ќе биде речиси 5 насто што е многу повеќе отколку што се сметаше пред 12 месеци.
Мнозинство закани и опасности по глобалната економија не се остварија.
Кина го избегна приземјувањето на својата економија . Економското забавување на САД во средината на годината не прерасна во двојна рецесија.
На периферијата на Еврозоната има сериозни проблеми, но, сепак, во целина таа растеше со пристојна стапка со оглед на стареењето на населението на континентот, и тоа благодарение на виталноста на Германија, која е најбрзо растечка развиена економија во 2010 година.

Каква ќе биде 2011?

Бангкок - жени во шопинг акција


Прашањето е дали трендот ке продолжи и во 2011. Се чини нема зошто да не биде така.
Имено, според весникот, во многу делови од светот се зголемува довербата на потрошувачите и деловните луѓе, а глобалното производство е во процес на загревање, додека финансиските пазари се повторно живи. Инвеститорите сега им придават многу помала важност на лошите вести како растот на каматите на кредитите во периферните економии, во еврозоната, па се до информациите за инфлација во Кина.

Растот на глобалната економија во 2011 година ќе зависи од развојот на настаните на големите пазари во развој, во Еврозоната и во САД.

Нестабилност на земјите во развој.

Прво, на пазарите на земјите во развој, чиј придонес за глобалниот раст оваа година е неспоредливо најголем, рецесијата и припаѓа на минатото, но монетарните услови остануваат уште многу несигурни и нестабилни, главно поради напорите многу да се намали вредноста на нивните валути. Кина, пак, е водечка во тоа.

Проблеми во Еврозона

Еврозоната е уште еден очигледен извор на стрес, овој пат финансиски и макроекономски. Краткорочниот раст ќе биде бавен, првенствено поради владините мерки за штедење.
Голем број влади во еврозоната имаат големи долгови,
Во ЕУ има ранливите економии на периферијата, како Ирска, Португалија и Грција.
Најновите податоци укажуваат дека зоната на еврото веројатно нема да биде во можност брзо да ја подобри конкурентноста преку одредување на платите и цените.
Се наведува и декацелиот европски банкарски систем врз основа на длабока интеграција, можеби ќе треба да се ревидира.

САД – развој и фискални дупки.

Претседателот на САД Барак Обама и индискиот Премиер Манмохан Синг


Економијата на САД, исто така, ќе се промени, но во поинаква насока. За разлика во Европа, макро-економската политика на САД значително отстапува од европските мерки за штедење.
Претседателот Барак Обама и републиканците во Конгресот се договорија за намалување на даноците повеќе од очекуваното.

Ова поврзано со континуитетот на откуп на обврзници на Банката на федерални резерви, е велат стимулативна доза на стероиди. Како резултат на овие мерки, американската економија може да постигне раст од 4 отсто следната година.

Сепак, американските политичари се изложени на ризик, кога станува збор за буџет на САД.
Некои инвеститори веруваат дека побрз раст е на повидок, но сепак, се повеќе и повеќе има загрижени за големината на фискални дупки во САД.


Заедно е подобро?

Светската економија велат во блиска иднина, се повеќе ќе се ниша меѓу со долгови натоварениот Западот и напредниот Исток.
Запад ја избегна депресијата и затоа што Европа и САД работеа заедно.
Сега се оптоварени со внатрешни проблеми и имаат усвоено сосема различни стратегии што не е добро за меѓународната соработка. Поделбите во светската економија можат да ја направат 2011 година на негативни шокови.