Попова Шапка подготвена за туристи

На Попова Шапка оваа сезона сметаат дека ќе привлечат повеќе скијачи од порано бидејќи ги подобриле условите за скијање.
Првата повисока снежна покривка годинава веќе се формираше на зимските скијачки центри во Македонија. На Попова Шапка оваа сезона сметаат дека ќе привлечат повеќе скијачи од порано бидејќи ги подобриле условите за скијање. Светислав Ефтоски, кој раководи со ски-лифтовите вели дека согласно концептот, во еден момент на сите скијачки патеки, ќе може да се најдат 2000 скијачи.
За оваа година подготовките се завршени извршен е технички преглед, оваа година ќе работат два двоседи и шест ски лифтови


,,За оваа година подготовките се завршени извршен е технички преглед, оваа година ќе работат два двоседи и шест ски лифтови. Попова Шапка во моментов располага со три ратрака што се доволни за да може да се чистат стазите."

Светлана Томовска од Друштвото за угостителство и туризам кое раководи со Попова Шапка вели дека и новитетите ќе придонесат да се зголеми бројот на посетители.

,,Во зависност од врнежите на снегот, сезоната може веднаш да започне. Покрај многубројните инвестиции во тек се и две нови бачила со капацитет од по 100 гости.
Мислиме дека сезонава ќе има повеќе работа
Изминатиов период нашите работници работеа на проширување на патеките."

Хотелските капацитети исто така се реновирани. И таму сметаат дека на овој начин ќе се придонесе во привлекувањето на нови гости. Управителот на хотелот Славија, Зоран Марковски, вели дека имаат резервации за целиот месец.

,,Моментално имаме гости од Србија, а пред новогодишните празници имаме најави од соседно Косово и Албанија, како и гости од земјава. Мислиме дека сезонава ќе има повеќе работа."

Според податоците од Друштово за угостителство и туризам Попова Шапка бројот на гости е зголемен за 70 отсто во споредба со есенските месеци од минатата година.