Весникот ,,Народна воља" кој се издава на македонски во Бугарија, деновиве одбележа 30 години јубилеј. Македонското малцинство во оваа земја неуморно се бори за поголеми права.
Македонците во Бугарија се дискримирани и се уште живеат под силен притисок на бугарската пропаганда која има за цел непризнавање на македонското малцинство. Но, 6000 граѓани кои и покрај сите закани, без страв се декларираа за Македонци со поддршка на месечникот „Народна Волја„ се борат и натаму за македонската кауза. Забележува издавачкиот тим на единствениот весник во Бугарија што се печати на македонски јазик точно 30 години и кој ја негува македонската историја и култура.
,,Основната идеја на весникот ,,Народна волја,, е да ја каже вистината за Македонија, за историјата на Македонија и се што е негативно од бугарска страна, сите фалсификати што ги прават тие за Македонија и за нејзината историја, да бидат со факти и аргументи."
Изјави Ѓорѓи Христов, познат под псевдонимот Јан Пирински, уредник на „Народна Волја„ по повод одбележувањето на јубилејот во Прилеп, во присуство на претставници од локалната власт, Сојузот на борци, политички партии и граѓани. А членовите на ОМО-Илинден, не криејќи го фактот дека немаат никаква поддршка, ни соработка со македонската влада, се загрижени за одржувањето на македонското малцинство во Бугарија. Забележуваат дека меѓу младите луѓе, многу тешко наоѓаат следбеници.
,,Пропагандата бугарска е таква, дека вие тука што живеете сте Бугари. По телевизија, по интернет даваат од тука Македонци, кои зборуваат дека сеБугари и така."
Вели Стојан Ѓоргиев, од ОМО-Илинден. Според својата уредувачка политика весникот се залага сите проблеми меѓу балканските народи, да се решаваат со дијалог.
,,На прво место стои информациониот притисок кој што секогаш е врз Македонците во Бугарија. Непрекинато се пишува, непрекинато зборува радиото, непрекинато по телевизијата се зборува дека нема Македонци, дека еве Гоце Делчев бил Бугарин, Јане Сандански бил Бугарин."
вели Ѓорѓи Радулов, соработник во „Народна волја„. Но, издавачкиот тим констатира дека статусот на Македонците би се подобрил кога би имале средства да се отворат што повеќе печатени и електронски медуми на македонски јазик, преку кои ќе се шири македонската историја и култура. Зашто како што тврдат во Бугарија не може да се најде литература за македонската историја.
Од ОМО-Илинден и забележуваат на македонската Владата, зашто како што велат има потесна соработка со „Виножито„.
Основната идеја на весникот ,,Народна волја,, е да ја каже вистината за Македонија, за историјата на Македонија и се што е негативно од бугарска страна, сите фалсификати што ги прават тие за Македонија и за нејзината историја, да бидат со факти и аргументи
,,Основната идеја на весникот ,,Народна волја,, е да ја каже вистината за Македонија, за историјата на Македонија и се што е негативно од бугарска страна, сите фалсификати што ги прават тие за Македонија и за нејзината историја, да бидат со факти и аргументи."
Изјави Ѓорѓи Христов, познат под псевдонимот Јан Пирински, уредник на „Народна Волја„ по повод одбележувањето на јубилејот во Прилеп, во присуство на претставници од локалната власт, Сојузот на борци, политички партии и граѓани. А членовите на ОМО-Илинден, не криејќи го фактот дека немаат никаква поддршка, ни соработка со македонската влада, се загрижени за одржувањето на македонското малцинство во Бугарија. Забележуваат дека меѓу младите луѓе, многу тешко наоѓаат следбеници.
,,Пропагандата бугарска е таква, дека вие тука што живеете сте Бугари. По телевизија, по интернет даваат од тука Македонци, кои зборуваат дека се
По телевизија, по интернет даваат од тука Македонци, кои зборуваат дека се Бугари и така